Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Победете го пролетниот умор: Намирници кои даваат енергија

pobedete-go-proletniot-umor-namirnici-koi-davaat-energija-povekjeНетрпеливо ја очекувавте пролетта, а сега, кога упорната зима конечно се предаде, се чувствувате исцрпено, безволно и немате сила да ги извршувате...


...вообичаените активности, а камоли да уживате во првите топлите сончеви денови.

Тоа се симптоми на пролетниот умор, од кој според некои проценки, од година во година страда секој десети жител на планетата.

Оваа состојба е последица од начинот на живеење во текот на есента и зимата. Премногу мрсна и тешка храна, нередовно земање на витамини и минерали, премалку сончева светлина и физичка активност доведуваат до пад на енергијата.

pobedete-go-proletniot-umor-namirnici-koi-davaat-energija-1

Сепак, со измена на начинот на исхрана и лесни прошетки во природа повторно ќе бидете во форма.

Кога станува збор за исхраната, прво мора да го ограничите внесот на масти и шеќери. Благите работи моментално ќе ви ја вратат енергијата, но тоа чувство кратко ќе трае. Набргу ќе дојде до нагло паѓање на нивото на шеќерот, па ќе се чувствувате уште потромо.

Затоа земајте намирници кои содржат сложени јаглени хидрати, тие се најдобар сојузник во борбата против пролетниот умор. Тоа е компирот, тестенините и другите интегрални производи од житарици. Нутриционистите тврдат дека малите количини на јаглени хидрати го поттикнуваат организмот да го поттикне произведувањето на серотонин, хормонот на среќата.

Вашето мени треба да обилува со лесни оброци, свежо овошје и зеленчук. Не отстапувајте од три главни оброци и два меѓуоброци, но тие мора да бидат прилагодени на вапите години, вашите активности и евентуалните хронични проблеми.

pobedete-go-proletniot-umor-namirnici-koi-davaat-energija-2

Особено е важно да не го прескокнувате појадокот. Во ендостаток на време, за ужина ќе ви користи и некое свежо овошје. Уморот најдобро го отклонува витаминот Ц, па јадете киви, портокали и лимон, исто како во зима.

Сокот од лимон или портокал користете го и за преливање на салата од овошје и зеленчук. На вашата трпеза нека се најдат и пиперката и магдоносот кои се особено богати со овој витамин.

Бирајте и намирници богати со растителни влакна, како што се јаболката и мешункастите растенија, а супата или чорбата нека ви бидат неиазоставен дел од ручекот. Тие ќе ви обезбедат доволно течности, минерали и витамини.

Во борбата против умор идеална е рибата. Поновите истражувања покажале дека исхраната богата со риба делува стимулативно на процесите во организмот и му пружа дополнителна енергија.

pobedete-go-proletniot-umor-namirnici-koi-davaat-energija-3

Ако сте често поспани и лошо расположени, можеби ви недостасува железо. Овој минерал има важна улога во изградувањето на хемоглобинот и е важен за имуниот систем. На мажите им треба околу десет, а на жените околу 15 милиграми железо денвно. Главен извор на железо се сојата, спанаќот, црвените меса, белите меса, рибата и оревестите плодови. Железото подобро ќе се ресорбира од храната со помош на витамин Ц.

Важно е да пиете доволно течности, најмалку литар и половина дневно. Водата ќе ви помогне да го регулирате варењето и побргу да ги ослободите насобраните токсини, при што се намалува чувството на умор.

Во водата можете да исцедите малку лимон, што дополнително ќе ве освежи, а корисна е и минералната вода која ќе ви го избалансиа нивото на минерали во организмот.

pobedete-go-proletniot-umor-namirnici-koi-davaat-energija-4

Ограничете го внесувањето на алкохол. Тој делува депресивно на централниот нервен систем, а го намалува и нивото на шеќер во крвта.

Избегнувајте го кафето, црниот чај и газираните напитоци. Иако од почеток ќе ви изгледа малку напорно, потрудете се редовно да шетате, да возите велосипед, да трчате.... односно да се знаимавате со спорт. Тоа на вашето тело ќе му даде повеќе кислород и повеќе енергија.

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
9 работи што ги прават докторите кога патуваат за да не се разболат Носат заштитна маска на места со многу луѓе, како аеродром, и постојано ги мијат...
Витамини кои се неопходни за женското здравје + во која храна се наоѓаат? Фолната киселина е особено важна за бремените жени, додека антиоксидантите можат...
Какви болести предизвикува загадувањето на воздухот (и има ли начин да се заштитиме)? Порано се верувало дека загадувањето на воздухот има влијание само врз респирато...
Кои се најчестите проблеми со срцето (и може ли да ги спречите)? Аритмија, инфаркт, атеросклероза – постојат многу проблеми кои можат да се јават...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg