Како да ја сочувате линијата додека сте на одмор?

kako-da-ja-socuvate-linijata-dodeka-ste-na-odmor-01

По успехот да симнете неколку килограми пред одморот за да ги облечете омилените бикини, пробајте да ја сочувате линијата и за време на одморот.

За да не се вратите со повеќе килограми отколку што сте очекувале, пробајте барем неколку совети од понудените.

1. Без разлика дали патувате со авион, автомобил или автобус, спакувајте сопствена здрава храна;

kako-da-ja-socuvate-linijata-dodeka-ste-na-odmor-1

2. Придржувајте се кон здравата исхрана во текот на целиот престој, избегнувајте солени грицки и сокови со вишок шеќер;

3. Испланирајте ги секојдневните оброци, за да избегнете прејадување (обемниот ручек комбинирајте го со овошна вечера);

4. Бидете пребирливи за доручек, одберете лесна наместо мрсна храна;

5. Испробајте ги овошјата кои се карактеристични за земјата во која сте отпатувале;

6. Пакувајте своја храна, наместо да купувате од најблиската сендвичара;

kako-da-ja-socuvate-linijata-dodeka-ste-na-odmor-2

7. Не запаѓајте во искушение да ја пробате најкалоричната храна во секој ресторан;

8. Размислувајте на свежа, а не конзервирана храна;

9. Бирајте овошен, наместо млечен сладолед;

10. Особено внимавајте на јаглехидратите во вечерните часови;

11. Пржена храна, тестенини и сосови не се најдобри пријатели на вашата линија;

12. Не размислувајте на предјадење, доколку планирате да нарачате десерт и обратно;

13. Внесувањето алкохол на гладен стомак може само да го поттикне апетитот;

kako-da-ja-socuvate-linijata-dodeka-ste-na-odmor-3

14. Користете го базенот во близина за да се одморите, а воедно и да направите неколку вежби под вода;

15. Движете се до најблиските места наместо да изнајмувате возило;

16. Не ги заборавајте вечерните прошетки.

На крај, доколку веќе се придржувате до овие совети, неколку пати во текот на престојот допуштете си високо калоричен коктел или некој специјалитет полн со масти за да не ви се чини дека најубавите работи ви се “забранети”.

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...
Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg