Како е можно: И тренингот може да ве здебели?

kako-e-mozno-i-treningot-moze-da-ve-zdebeli

Одредени истражувања покажуваат дека значителното намалување на килограми не може да се постигне само со физичка активност, како и дека во одредени случаи вежбите се одговорни за качување килограми.

Се прашувате како се случува тоа? Ви донесуваме краток водич за и вие да не паднете во таа замка.

Наместо енергетски пијалак одберете вода и здрави интегрални житарици. Немојте да заборавите дека и таквите житарици треба да се јадат неколку часа пред тренингот.

Ги јакнете мускулите и апетитот

Часовите поминати во теретана ги согоруваат калориите, но го зголемуваат апетитот. За да не јадете повеќе и така самите да се саботирате, бидете свесни за овој проблем. Решение е повеќе внимание да им посветите на аеробните вежби. Тие ќе ви помогнат да го намалите апетитот.

Внимателно одбирајте ја храната

Избегнувајте храна која се состои од едноставни шеќери и рафинирани јаглени хидрати. Наместо предјадење, телото нека ги троши залихите од масти. Најдобро е да јадете два до четири часа пред да одите во теретана. Вежбањето на релативно празен желудник ќе го намали вашиот апетит така што ќе јадете помалку кога ќе заврши тренингот.

Важен е и добриот програм

Многумина мислат дека ќе ослабат кога ќе почнат да вежбаат. Факт е дека слабеењето не оди лесно и едноставно. Најдобро се слабее со аеробни вежби, возење велосипед и со трчање.

Мотивација

Иако не е лесно да го доведете телото во идеална форма, немојте да се обесхрабрувате. Размислете за својата цел и за тоа дека правите нешто добро за своето здравје.

Би можело да ве интересира:

Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg