Вежбајте со хула хоп – ги согорува калориите и го обликува телото

Иако на прв поглед ви се чини детинесто и како игра, вежбањето со хуа хоп е физичка активност која донесува многу естетски и здравствени предности, а соодветна е за сите возрасти.

vezbajte-so-hula-hop-gi-sogoruva-kaloriite-i-go-oblikuva-teloto-1

Малите пластични тркала кои децата ги користат за игра и раздвижување како опрема за вежбање на возрасните доаѓаат во посилен, поцврст и потежок облик.

Вежбањето со хула хоп активира преку 30 мускули, ја подобрува рамнотежата, подвижноста, флексибилноста и координацијата па затоа носи многу здравствени придобивки.

1. Ги согорува калориите
Половина час вежбање со хуа хоп донесува ефект како и триесет минутното трчање. Оваа активност е идеална за слабеење бидејќи согорува калории како и степ аеробикот, кик боксот или брзото одење на подвижна лента.

vezbajte-so-hula-hop-gi-sogoruva-kaloriite-i-go-oblikuva-teloto-2

2 Го обликува телото
Хула хопот ги зајакнува мускулите и ги обликува колковите, задникот, стомакот, нозете и колената, а обрачот може да се врти и околу рамења, па така да се вежба и горниот дел од рацете и вратот.

3. Ја подобрува флексибилноста
Оваа активност бара движење и свиткување на `рбетот што ја зголемува неговата флексибилност и помага во превенцијата на повреди на грбот. Сепак, оние кои имаат проблеми со грбот им се препорачува прво да се посоветуваат со лекар за видот на вежбите.

4. Го подобрува расположението
Освен што е забавна, голема е веројатноста оваа физичка активност да не ви досади и понатаму да ја практикувате, бидејќи исто како и танцот, го подобрува расположението.

5. Потешкиот обрач носи поголеми предности
Иако обичниот хула хоп има многу здравствени предности, побргу ќе ги видите саканите резултати на оваа физичка активност ако користите потежок обрач. Вежбањето со потежок обрач носи бенефит како и кревањето тегови во теретана. Полесно е да се врти потежок обрач, ќе можете да вежбате подолго време и така да ги зајакнете мускулите.

Би можело да ве интересира:

Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...
Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...
Промени во видот и очите што може да се знак за (посериозни) здравствени проблеми Ненадејната силна болка зад окото може да биде знак за авнеризма, додека замагле...
Неочекувани предизвици што ги носи бременоста за кои ретко се зборува (а идните мајки треба да ги зн... „Откако ја родив ќерка ми развив алергија на чоколадо. Вистинска трагедија“. ...
Што НЕ треба да правите ако патувате за време на топлотен бран (за да не си го расипете одморот)? Со температури над 40 степени Целзиусови, поважно е да ви биде удобно и да не до...
Седум мали навики што прават голема разлика за здравјето по 50-тите Штом ќе влезете во шестата деценија од животот, не треба да си дозволите да го м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg