Вагиналните инфекции влијаат на сексуалните односи

(Промотивен текст) Непријатното чувство, како што е чешање, печење, непријатен мирис или зголемен вагинален исцедок, е честа причина за избегнување сексуални односи.

Често вагиналните инфекции доведуваат до појава на болка при сексуален однос, но причината може да биде и срам или страв од ширење на инфекцијата кај партнерот.

Последново е и најголем проблем, а во исто време и причина за упорноста и за тешкото излекување на вагиналните инфекции.

Дали е време за паника?najefikasno-resenie-za-vaginalni-infekcii

Без разлика дали станува збор за бактериска или за габична инфекција, доколку се заразени двајцата партнери, потребно е да се лекуваат двајцата.

Кај бактериските инфекции е потребно да се користи антибиотска терапија, секако, препорачана од лекар – гинеколог.

За габичните инфекции најчесто се употребуваат кремови или вагиналети што содржат противгабични супстанции.

Најголем проблем се упорните, повторувачките вагинални инфекции кои кај голем дел од женската популација се повторуваат и по неколку пати во годината.

Совети!

- Не треба да носите тесна, синтетичка облека

- Употребувајте неутрални средства за интимна нега

- Избегнувајте да одите на базен

- Намалете ја количината јаглехидрати во исхраната

- При користење антибиотици треба да ја заштитите нормалната флора со употреба на пробиотик

Што можеме да преземеме сами?

Линекс лејди вагиналните капсули се со целосно природен состав и се безбедни за употреба кај сите жени, вклучително и кај трудниците и девојките.

Линекс лејди помага во обновувањето на нарушената вагинална флора, која е прв услов за појава на вагинална инфекција.

Линекс лејди содржи висока концентрација на Doderlein-ови бацили кои се природен жител на вагината.

Најважно за спречување на појава на вагинални инфекции, како и за нивно лекување, е да се воспостави нормален состав на вагиналната флора. Со ова се поттикнува природната одбрана на организмот, се зајакнува локалниот имунитет и се спречуваат задржувањето и размножувањето на штетните микроорганизми кои се одговорни за настанувањето на инфекции.

Многу важен фактор во борбата со несаканите бактерии е и pH вредноста во вагината. Нормално, таа е кисела, а ваквата pH не дозволува размножување на штетни микроорганизми. Доколку pH вредноста се промени во базна, таа претставува одлична средина за размножување на штетни бактерии, а со тоа и за појава на непријатни знаци на инфекција. Токму поради ова инфекциите најчесто се појавуваат по месечниот циклус, кога pH вредноста природно се менува во базна поради крвавењето.

Линекс лејди пробиотските вагинални капсули, на сосема природен начин, ја воспоставуваат и одржуваат потребната pH вредност и спречуваат појава на инфекции.

Би можело да ве интересира:

Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Зошто се појавуваат влакна на женските гради и дали е безбедно да ги отстраните? Многу жени и девојки имаат влакненца во пределот на градите, особено околу брада...
Влакненца на брадата кај жените: Зошто се појавуваат и како да ги отстраните? Хормонална промена, генетика, полицистични јајници, дијабетес се само дел од при...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Зошто растат влакна на бенките и дали е опасно да ги отстраните? Како на другите делови од телото, влакната се нормална појава и на бенките. Тие ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg