Најлошиот и најдобриот појадок за вашето здравје

Дали за добро здравје и за одржување на витка линија е полош мрсниот сендвич или прескокнувањето на утринскиот оброк? Здравиот појадок подразбира нешто сосема трето.

najlosiot-i-najdobriot-pojadok-za-vaseto-zdravje-1

Мрсен појадок

Во една студија, истражувачите сакале да видат како делува мрсниот појадок на кардиоваскуларниот систем на 20 здрави луѓе кои во просек имале по 23 години.

Учесниците во студијата еден ден јаделе стандарден сендвич со шунка, јајце и сирење (кој имал 50g мрснотии и 900 калории), а другиот ден не јаделе ништо за појадок.

Оние што јаделе мрсни сендвичи два часа по појадокот имале послаб крвоток, додека крвните садови не можеле доволно да се прошират и да донесат кислород до срцето.

Прескокнување на појадокот

Постои нешто полошо од мрсната храна наутро, а тоа е прескокнувањето на појадокот.

Оние кои го прескокнуваат појадокот (или го заменуваат со кафе) имаат помалку енергија, полошо расположение и послабо помнење од оние кои појадуваат, а се соочуваат и со сериозни здравствени ризици.

Пред сè, имаат дури 450% поголема шанса да станат дебели и 21% поголеми шанси да добијат дијабет тип два.

najlosiot-i-najdobriot-pojadok-za-vaseto-zdravje-2

Најдобар појадок

Најдобриот појадок би вклучувал протеини и влакна, на пример обезмастено млеко, или јогурт со налаени мрснотии и интегрални житарици.

Една студија ги довела во врска интегралните житарици за појадок и намалувањето на хормонот на стрес, кортизолот кој делува и на таложењето на сало на стомакот.

Сè на сè 85g интегрални житарици му обезбедуваат на телото дневна доза на растителни влакна, кои го подобруваат варењето и го намалуваат нивото на масти во телото, што допринесува за подолг живот, здраво срце и намалување на тежината.

Би можело да ве интересира:

4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg