Негативните мисли запишете ги и фрлете ги во ѓубре

Честите негативни мисли нè оптеретуваат до таа мерка што ни го расипуваат квалитетот на живот и ни го загрозуваат психичкото и физичкото здравје, тврдат психолозите.

negativnite-misli-zapisete-gi-i-frlete-gi-vo-gjubre

Поради тоа важно е да се совлада механизмот на „чистење“ на негативните мисли од мозокот, а еден од делотворните начини е да се запишат на лист хартија и да се фрлат во ѓубре, тврдат стручњаците од Универзитетот во Охајо и Универзитетот во Мадрид.

Иако звучи смешно, тој механизам навистина делува, тврдат стручњаците кои ја спровеле студијата на неколку поединечни експерименти на студенти.

Откако ги запишале своите негативни мисли, дел од испитаниците повторно ги прочитале и размислиле за нив, додека останатите листот со запишани мисли веднаш го фрлиле во ѓубре.

Во прашалникот кој потоа го пополнувале, волонтерите кои го фрлиле листот, покажале многу попозитивни ставови.

- Секако, негативните мисли нема да ги снема потполно ако ги запишете и го фрлиле листот хартија, бидејќи можете секогаш повторно да ги создадете. Сепак, ова привремено решение делува, барем за миг – рекол одговорниот за студијата, Ричард Пети.

Тој додал дека оваа техника има анти-стрес ефект, а може да се применува и неколку пати на ден за да се постигне растеретување.

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Умерено јадење и уште четири работи што докажано го продолжуваат животот, според науката Доволно е да одвоите само 20-тина минути дневно за физичка активност за да забел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg