Што зборува виното кое го пиете за вас?

Љубителите на црни вина се побогати и амбициозни луѓе, бело вино сакаат личности кои се задоволни со својот живот, а оние кои ќе одберат чаша студено розе се зависници од Фејсбук.

sto-zboruva-vinoto-koe-go-piete-za-vas

Најновото истражување утврдило дека иако е непопуларно, можно е да се генерализира мислењето за љубителите на виното врз основа на виното кое најчесто го пијат.

Оние кои пијат црно вино најчесто имаат факултетска диплома, во брак се и пијат почесто од оние кои што имаат склоност кон белото и розовото вино.

Ако одбирате бели вина, сакате домашна атмосфера и задоволни сте со својата положба на работа.

Од Здружението на француските винари, кои го порачале ова истражување, велат дека некои лични карактеристики се поврзани со одредени вина.

Во истражувањето се анкетирани 2000 возрасни луѓе од Велика Британија. Од нив 81% моментално се среќни на работа, 65% се уште многу амбициозни и сакаат да напредуваат во кариерата.

Истовремено, помеѓу љубителите на белото вино има само 43% со диплома. Повеќето од нив не се заинтересирани за успех во кариерата, а повеќе од 2/5 признале дека не се многу амбициозни.

55% од љубителите на розе го завршиле школувањето на 18 години.

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg