Храна која ќе го зајакне вашиот имунитет

Бидејќи одамна влеговме во сезоната каде што грипот и настинката се секаде околу нас, време е да започнеме да се грижиме однапред за имунитетот.

hrana-koja-ke-go-zajakne-vasiot-imunitet-1

Имунолошкиот систем е еден од најсложените кој само балансираната исхрана може да го направи јак и отпорен на настинки и бактерии.

1. Овес и јачмен – одлични се во борбата против грип и бактерии, заради тоа што се богати со растителни влакна и антиоксиданси. Можете да ги внесувате во облик на овесен појадок со јогурт во комбинација со сушено овошје.

2. Лук – штити од вирусни, габични и бектериски инфекции и е одличен кога станува збор за бактериите кои го напаѓаат желудникот.

3. Риба – богата е со омега 3 масти и треба да се консумира најмалку 2 пати дневно. Омега 3 мастите се добри за вашето срце и крвните садови. Содржи малку калории, а големо количество на протеини.

4. Бадеми – богати се со витамин Е кој е многу корисен за вашиот имунолошки систем. Само неколку бадеми во денот го намалуваат нивото на стрес, а исто така придонесува и за регулирање на шеќерот во крвта.

hrana-koja-ke-go-zajakne-vasiot-imunitet-2

5. Компири – преполни се со растителни влакна кои го спречуваат настанувањето на канцерогени клетки на дебелото црево, како и бета каротен кој делува како антиоксиданс.

6. Грејпфрут – преполн е со витамин Ц кој е најважен за зимската борба со вируси. Доколку не сте љубител на вкусот на грејпфрутот, можете да го замените со многу лимони, портокали и мандарини.

hrana-koja-ke-go-zajakne-vasiot-imunitet-3

7. Јогурт – една чаша на ден помага во балансирањето на цревната флора, затоа пробајте да го вклопите во секојдневната исхрана колку што можете повеќе.

8. Брокула – богата со антиоксиданси и други состојки кои го спречуваат создавањето на канцерогени клетки низ целото тело. Исто така содржи фолати кои помагаат во борбата против депресија и за зачувување на мозочните клетки.

Би можело да ве интересира:

Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Дали треба да пиете суплементи со витамин Д во есен и зима? Во постудените месеци, кога денот е пократок, минуваме помалку време на отворено...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
Што ќе се случи ако секој ден јадете (варени) јајца? Јајцата се богати со протеини и корисни хранливи материи и ако немате проблеми с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg