Ублажете го грипот за 24 часа

Настинките во овој период од годината се неизбежни, а малкумина се оние кои поради своето темпо на живот можат да си дозволат мирување.

ublazete-go-gripot-za-24-casa

Американските научници направиле план според кој можете да оздравите за само 24 часа ако го следите наведениот распоред.

07.00 – туширање со топла вода
Ако се разбудите со затнат нос, со главоболка и благи морници, најдобро е веднаш да појдете под туш. Топлата купка, или туш може да помогнат телесната температура да се изедначи.

08.00 – здрав појадок полн со витамини
Исхраната е многу важна на патот кон оздравувањето, па направете сок од портокал и ставете полн грст шумско овошје полно со антиоксиданси во мусли, или овесна каша.

10.00 – инхалирајте
Кога сме настинати, или носот непрестано ни тече, или потполно е затнат, дишењето е отежнато и доведува до напнатост и болка во синусите и главата. Добра идеја е да инхалирате над сад со топла вода во која сте додале неколку кесички чај од нане или камилица, што ќе ги прочисти дишните патишта.

12.00 - илезете да прошетате
Иако ќе ви биде тешко да излезете на студеното време, лесната прошетка пред ручек може да ви го поправи расположението и да ви го зајакне имуниот систем. Во случај да имате поблаги симптоми на настинка, можете да направите и некоја физичка активност која секако ќе ви помогне подобро да се чувствувате.

13.00 – јадете салата
За време на ручекот заборавете на грицките и слатките и наместо тоа одберете салата која ќе содржи некое посно месо како што е пилешкото. Протеините помагаат да зајакне имуниот систем.

15.00 – напијте се чај
Чаевите и другите топли напитоци помагаат да се исчисти слузта од организмот. Можете да испиете и чаша цеден сок од портокал.

18.00 – изедете нешто луто
Кога сте болни, добро е малку да го зачините со луто вечерниот оброк. Ѓумбир, црн пипер, лук, лути пиперчиња. Лутото е добро познато по својот антивирусно и антибактериско дејство, како и способноста да се прочистат синусите. Овие зачини помагаат да се ослободите од бацилите и да ги прочистите дишните органи.

20.00 – ставете ги нозете во топла купка
Завршете го денот така што ќе ги ставите стапалата во топла купка, така подобро ќе се релаксирате и ќе се загреете пред спиење.

22.00 – спијте барем осум часа
За телото е важно повторно да ги наполни батериите, во што ќе ви помогне добриот сон. За да го одржите имунитетот обидете се приближно во исто време да легнувате и станувате секој ден. Избегнувајте стимулативни напитоци како на пример кафето и алкохолот, доцна навечер, не гледајте телевизија и завршувајте работни задачи кога ќе си легнете во кревет.

Би можело да ве интересира:

Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg