Шетајте, ќе бидете поздрави

Немојте слободното време во зима да го поминете лежејќи, седејќи или спиејќи и со обилна храна. Колку повеќе седиме, толку помалку време поминуваме на оваа планета, звучи застрашувачки, но така е.

setajte-ke-bidete-pozdravi

Шетањето е најдобро околу пладне, кога има најмногу светлина.

Сувиот воздух не е добар

Избегнувајте, кога можете, престој во затворени простории во кои воздухот е сув. Во таков амбиент слузокожата на респираторните органи станува исушена, а особено се загрозени грлото, носот и голтникот. Така исушената слузница е подложна на воспаленија. Всушност тоа е и една од причините што оние кои се„чуваат“ од студот и не излегуваат надвор повеќе кашлаат и се подложни на воспаление на грлото.

Одењето е добро за срцето

За разлика од хроничните болни, кои не би требало да излегуваат од дома кога температурата на воздухот ќе падне под нулата, здравите луѓе кога е студено не би требало да бараат изговор за да не излезат надвор. Напротив, секој ден би требало да шетаат барем по половина час, бидејќи прошетките се добри за организмот, особено за срцето и крвните садови. Одењето ја забрзува циркулацијата и го зајакнува имунитетот.

Сончевата светлина ја отстранува депресијата

Во зима денот е краток, студено е, па затоа сме склони кон депресија. На тоа во голема мера придонесува и недостатокот од сончева светлина, на која инаку сме навикнати, како и намалената физичка активност. Светлината минувајќи низ очниот нерв до мозокот, поттикнува бројни биохемиски процеси, а меѓу нив и производството на серотонин, хормонот на среќата. Недостатокот на светлина значи помалку серотонин, а повеќе мелатонин кој поттикнува умор, тромост, безволност и потиштеност.

На прославите се шират вируси

Респираторните инфекции се јавуваат во текот на целата година, но сепак повеќе во студените зимски месеци. Најчесто ги предизвикуваат вирусите, а тие се пренесуваат со капки. Веројатноста од ширење на вируси е поголема во затворени простории, каде што се собираат поголем број луѓе, така што празниците носат зголемен ризик од инфекција, која се пренесува со бакнување, кивање, кашлање, користење на исти предмети. Она што можеме да го направиме е да избегнуваме контакт со заразени луѓе и превентивно да земаме препарати кои содржат цинк, за кој е докажано дека го зголемува одбранбениот систем на организмот, овошје богато со витамин Ц, мултивитамински препарати и да пиеме доволно течности.

Би можело да ве интересира:

Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Храна што треба да ја избегнувате ако имате срцеви палпитации, според кардиолог Иако во повеќето случаи срцевите палпитации се безопасни, сепак е препорачливо д...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Зошто имате зуење во ушите и дали е знак за нешто сериозно? Постојат разни причини за појава на тинитус, односно зуење во ушите – од многу г...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg