Како да го спречите `рчењето?

Околу проблемот со рчењето ретко кога ќе најдете некое сериозно објаснување или решение. Најчесто тоа е проблем кој многумина не го сфаќаат сериозно и на шала раскажуваат како својата партнерка не успеала око да склопи цела вечер, како од тоа излегла огромна расправија и нервоза.

kako-da-go-sprecite-rcenjeto

Најчесто овој проблем се јавува заради староста или тежината на човекот, како и заради количеството на алкохол или пак на цигари внесени во текот на денот.

Како што организмот остарува, така мускулите слабеат и рчењето станува нормална појава. Маснотијата наталожена околу вратот исто така го отежнува дишењето.

Што можете да направите?

Алкохолот ги опушта мускулите и најдобро би било да го избегнувате барем четири часа пред спиење.

Пушењето, алергиите, како и високата температура се уште неколку работи кои треба да се трудите да ги контролирате пред спиењето.

Собирањето на слуз во носот исто така е уште еден причинител за оваа појава, така што трудете се носот никогаш да не ви биде затнат пред спиењето. За да го олесните дишењето на нос, а да го спречите дишењето на уста најдобро е секојдневно да користите солена вода за прочистување на дишните патишта.

Додека вообичаено рчењето не претставува здравствен ризик, кај еден од десет луѓе кои рчат забележано е дека се развива пореметување на сонот, заради недоволно количество на кислород во текот на ноќта. Тоа ја менува навиката за спиење, предизвикува дневна поспаност, а може и да доведе до зголемен крвен притисок.

Во таквите случаи најдобро е да се обратите кај лекарот и да побарате помош, кој сигурно ќе ви препорача маска за преку нос, која го регулира крвниот притисок, а со тоа ви го овозможува неопходното количество на кислород во текот на ноќта.

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Мозочен удар, откажување на бубрезите: Што ќе се случи ако не го третирате високиот крвен притисок? Високиот крвен притисок може да се регулира со лекови и промени во животните нав...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg