Должината на здолништето ја открива жената!?

Колку и да напредуваме како друштво, за карактерот на жената и понатаму се суди според должината на здолништето, тврди Роза Лејк, студент на графички дизајн на Универзитетот во Ванкувер.

dolzinata-na-zdolnisteto-ja-otkriva-zenata

Имено, како што се скратува должината на здолништето, предрасудите за моралот кон жената која го носи, растат. Така здолништата под колено се поврзуваат со конзервативни жени, а над колено со провокативни.

Роза Лејк оваа мисла ја преточила во фотографија која ја нарекла „Предрасуди“.

Фотографијата прикажува женски нозе насликани одзади со десет точки за должина на здолништето според кои се суди за карактерот на жената.

Ознаката која се наоѓа на долната четвртина на потколеницата открива дека таа должина на здолниште најчесто ја носат „бапски типови“.

Средината на потколеницата е наменета за конзервативни жени, додека здолништата до горната половина од потколеницата ја носат оние со старомоден „ков“.

Здолништето кое досега до средината на коленото го носат „пристојни жени“, а како што се скратува должината на здолништето, предрасудите за моралот на жената растат.

Ако здолништето е над колена, луѓето ќе ја доживуваат жената како заводница, додека ако здолништето завршува на половина од бутовите, тоа е симбол на смела жена.

Должините кои ги поистоветуваме со мини здолништа, најчесто носат негативни конотации, па според тоа и ознаките за должината се поврзуваат со провокативни жени, уште пократко здолниште носат оние кои “бараат секс“, а на самиот врв е ознаката на жените со лесен морал.

За жал луѓето несвесно се водат по тие критериуми и идејата на Роза Лејк била да ги истакне тие предрасуди.

Дали можеби и вие понекогаш така размислувате?

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Промени во видот и очите што може да се знак за (посериозни) здравствени проблеми Ненадејната силна болка зад окото може да биде знак за авнеризма, додека замагле...
Неочекувани предизвици што ги носи бременоста за кои ретко се зборува (а идните мајки треба да ги зн... „Откако ја родив ќерка ми развив алергија на чоколадо. Вистинска трагедија“. ...
„Подмолни“ симптоми на синдром на полицистични јајници што секоја жена треба да ги знае Дебелеењето и отежнатото слабеење, како и појавата на влакна на брадата и лицето...
Шест физички симптоми на деменција (кои лесно се игнорираат) Промените во спиењето, како будење среде ноќ и месечарење, може да се знак за де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg