Нова формула: Дали сте слаби или дебели, пресметајте со новата метода

Дали сте подебели или послаби отколку што ви се чини? До сега каков - таков показател беше индексот на телесната маса. Сега еден оксфордски математичар открил дека тој модел има многу недостатоци, па смилена е нова формула која е пореална од онаа што се користи од 1840 година.

nova-formula-dali-ste-slabi-ili-debeli-presmetajte-so-novata-metoda

Математичарот Nick Trefethen, кој ја тестирал новата формула на себе, истакнува дека многу ниските луѓе всушност се подебели отколку што мислат, врз основа на пресметаниот BMI, а кај високите луѓе е обратно.

Според досега користениот BMI вредноста од 18,5 до 24,9 се смета за нормална, помалата значи дека сте слаби, а прекумерната тежина би била над 25. Пресметката се прави така што тежината во килограми се дели со височината во сантиметри.

По новата формула, BMI се пресметува на следниот начин: 1.3 x тежина/висина2.5

- Оние кои се високи 182 сантиметри ќе изгубат во својот BMI по некој поен, а оние со височина 152 сантиметри веројатно од сегашниот BMI ќе поминат во оној кој покажува вишок на килограми - вели Trefethen.

Имено стручњаците веќе подолго време се прашуваат дали досегашната формула за BMI е реална ако не ја зема во предвид разликата во мускулната маса или масното ткиво, што може да покаже дека еден спортист со силна мускулна маса всушност е дебел. Математичарот Trefethen мисли дека во иднина за пресметување на BMI треба да се користи новата формула.

Брзо и едноставно, пресметајте си го вашиот BMI по новата формула тука.

Каков е вашиот резултат?

Би можело да ве интересира:

Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg