Суви кајсии за подолга младост
Сувите кајсии содржат голем процент белковини, влакна, витамини, минерали и шеќер, што ги прави идеална намирница за почеток на денот.

Како делуваат кајсиите?
Го ублажуваат стресот
Магнезиумот, минерал со кој обилуваат сувите кајсии, го ублажува стресот, додека витамините од Б комплексот ги зајакнуваат нервите. Ова овошје е одлично и за личности кои страдаат од зголемен холестерол бидејќи може да ги замени грицките полни со маснотии. Сушените кајсии треба добро да се изџвакаат бидејќи така го поттикнуваат варењето и циркулацијата во горната регија.
Го чуваат срцето, ја поправаат крвната слика
Сувите кајсии содржат голема количина калиум, минерал кој е важен за нормалната работа на сите мускули, особено срцевиот мускул. Само пет суви кајсии ја задоволуваат потребата на организмот од овој минерал и значителен дел од потребите за железо. Витаминот Ц кој го има во кајсиите ја олеснува апсорпцијата на железото, што е многу важно за оние кои страдаат од анемија.
Состојки на кајсиите:
| 100 g суви кајсии | 100g свежи кајсии |
| 63g јаглени хидрати | 11g јаглени хидрати |
| 53g шеќер | 9g шеќер |
| 0,5g масти | 0,4g масти |
| 3,4g протеини | 1,4g протеини |
| 2,7mg железо | 0,4mg железо |
Една порција од 80g суви кајсии, 200ml јогурт без маснотии и 30g овесни снегулки имаат 293 kcal што е доволно за да го започнете денот.
