Состојки за неодоливи здрави салати

Доколку ви се здосади од обичните, еднолични салати, време е да ги промените рецептите. Зелените салати и покрај тоа што се здрави може да делуваат монотоно и на организмот.

sostojki-za-neodolivi-zdravi-salati-01

Затоа, употребете неколку состојки со кои ќе ги зачините и збогатите здравите салати и ќе си подготвите неодолив оброк.

Топли состојки

Наместо свежо исецканиот кромид додадете пропржени прстени од кромид, свежите печурки зачинете ги и пропржете ги во масло или пак вареното месо овој пат испечете го.

Јаткасти плодови

Бадемите и оревите се совршен начин за да ја освежите салатата, но не плашете се да експериментирате и со индиските ореви, кикирики или било кој сличен производ.

Авокадо

Егзотичен плод кој понекогаш и е неопходен на вашата салата за да ја направи повкусна и побогата со витамини.

sostojki-za-neodolivi-zdravi-salati-1

Чаден лосос

За оние со малку подлабок џеб кои сакаат да се почестат, некогаш е одлично во зелената салата да додадат неколку парчиња чаден лосос. Вкусот е многу подруг.

Месо во салатата

Не е лошо ако се почестите и со потпечено месо на скара. Еднаш во неделата дозволено ви е да измешате малку мрсно печено пилешко месо со здравите салати, ситно исечкано на мали коцкички.

Јајца

Варените јајца се одличен начин да се заситите на подолго време и истовремено да го наполните телото со малку повеќе протеини.

Риба од конзерва

Сардината или туната од конзерва се одличен избор за да додадете омега-3 масни киселини во вашиот оброк, неопходни за здравјето на вашиот кардиоваскуларен систем.

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што ќе се случи ако секој ден јадете (варени) јајца? Јајцата се богати со протеини и корисни хранливи материи и ако немате проблеми с...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg