Здрави домашни плочки од житарки

Домашните плочки од житарки ни ја даваат можноста да експериментираме со вкусовите, состојките да ги креираме по желба и да ставиме се што сакаме – различни видови на житарки, корнфлекс, суви брусници, смокви, сливи, сушен кокос, ораси, ф’стаци и што ли уште не...

zdravi-domasni-plocki-od-zitarki-02

Еве една од најздравите варијанти на плочки од житарки кои може да ги направите во домашни услови.

Состојки:

  • 140гр грубо сецкани житарки
  • 30гр корнфлекс
  • 60гр печени бадеми и лешници
  • 15гр пченично брашно
  • 50гр мед
  • 60гр суво овошје по желба
  • Половина лажичка кафеав шеќер
  • 2 белки

zdravi-domasni-plocki-od-zitarki-03

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 150 степени. На тава за печење, прекриена со фолија, премачкајте малку масло и посипете ја со брашно. Во еден сад измешајте ги сите состојки, освен белките кои треба да ги изматите заедно со кафеавиот шеќер.

Потоа смешајте ги двете смеси заедно. Добро се промешајте додека не се соедини и оформете ја смесата во облик на голем правоаголник.

Ставете го на тавата и печете околу 40 минути додека тестото не биде суво на допир. Оставете да се олади неколку минути, а потоа пресечете тенки плочки.

Декорирајте со суво овошје од озгора или пак со вашиот омилен благ зачин, на пример цимет.

Би можело да ве интересира:

6 мали животни промени кои ќе ви помогнат да го контролирате дијабетесот Внимавајте на исхраната и одете на лекар барем двапати годишно за да проверите к...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
Која храна да ја избегнувате ако имате замастен црн дроб (и кои намирници ќе ви помогнат)? Додека зелениот лиснат зеленчук и храната со незаситени масти се добри за лица с...
Умерено јадење и уште четири работи што докажано го продолжуваат животот, според науката Доволно е да одвоите само 20-тина минути дневно за физичка активност за да забел...
Видови болка што ги поврзуваме со возраста, но можат да бидат и знак за нешто посериозно Болката во долниот дел од грбот обично ја припишуваме на возраста, но и на често...
Кои се најчестите видови артритис (и кои симптоми се јавуваат први)? Постојат многу видови артритис, но најчести се остеоартритисот и ревматоидниот а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg