Една од најефикасните диети испробани на нашите простори

Оваа диета се состои од циклус од дваесет дена во кои денови се јаде во 2 точно определени оброка. Нивното количество не е ограничено. Тоа што морате да го запазите е по завршувањето на еден диетален циклус од 20 дена мора да се направи пауза од еден месец. По завршувањето на месецот можете повторно да продолжите со диеталниот циклус од 20 дена.

edna-od-najefikasnite-dieti-isprobana-na-nasite-prostori-01

Оброците консумирајте ги  во растојание од минимум 6 часа. На пример: Првиот во 10 часот, а вториот околу 17 часот.

1 ден – Макарони со сирење или јогурт по ваш вкус, варени или печени.

2 ден – Ориз тава или пилав. Можете да го јадете во комбинација со сирење или јогурт.

3,4 и 5 ден – Пилешко месо со салата, варено или печено на скара без маснотии.

6,7 и 8 ден – Телешко месо со салата. Месото нека биде варено.

9,10 и 11 ден – Риба со салата, подготвена по ваш вкус. Печена во фолија или туна од конзерва, но не во масло, туку во вода.

12,13 и 14 ден – Зрнест зеленчук, грав, грашок, леќа или боранија подготвени како чорби.

15 и 16 ден – Компири во сите можни варијанти.

17 ден – Ден за овошје

18 ден – Макарони со сирење или јогурт, исто како првиот ден од диетата.

19 ден – Ориз исто како вториот ден

20 ден – Верувале или не, можете да јадете што и да посакате благо комбинирано во 2 оброка.

edna-od-najefikasnite-dieti-isprobana-na-nasite-prostori-02

Количината на храната не е ограничена. 2 пати на ден може да консумирате колку што сакате согласно распоредот на исхрана. Количеството на течностите кои ги внесувате е неограничено. Може да пиете сè – кафе, шеќер, газирани или густи сокови. Во салатите или било кој оброк може да користите масло, но само една лажица.

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg