6 најздрави пози за спиење

Многу е важно да се спие доволно цврсто. Во сон се одмораат и духот и телото, се регенерираат сите клетки на организмот, а имунитетниот систем јакне. Сепак не сите положби во кои спиеме се подеднакво здрави.

6-najzdravi-pozi-za-spienje-01

Проучувана е положбата на спиење и нејзиното влијание на здравјето кај 1.000 учесници. Пронајдете се и дознајте кој тип на личност сте.

6-najzdravi-pozi-za-spienje-1Ако навечер се прејадете, вака спијте!

Слободен пад

Положба: Лежите на стомак, со рацете гушнете ја перницата, а главата завртете ја на страна.
Карактер:
Спаѓате во отворени и директни личности. Реагирате по принципот „што на ум, тоа на друм“. Немата баш многу такт, па некои ве доживуваат дури и како дрска личност иако вие никогаш немате лоша намера. Во суштина сте многу чувствителни и секоја критика ја земате при срце.
Здравје:
Положбата слободен пад, како и било која положба со лицето надолу, го подобрува варењето.

6-najzdravi-pozi-za-spienje-2Оваа положба е добра за вас и вашиот стомак.

Прегратка

Положба: Лежите на страна, а рацете испружете ги пред себе.
Карактер:
Отворени сте за нови работи, но истовремено сте сомничави и цинични. Многу сте самоуверени, речиси никогаш не го менувате мислењето и ретко се каете.
Здравје:
Оваа положба го ублажува гастритисот и го олеснува дишењето во сон.

6-najzdravi-pozi-za-spienje-3Постои опасност секое утро да се разбудите уморни.

Морска ѕвезда

Положба: Лежите на грб, а двете раце ви се испружени нагоре.
Карактер:
Умеете да ги сослушате другите и поради тоа сте одличен пријател, Секогаш сте подготвени да помогнете, а не очекувате ништо за возврат. Не сакате да бидете во центарот на внимание.
Здравје:
Баш како и оние кои спијат во положбата „војник“ така и оние кои спијат во положбата „морска ѕвезда“ често `хрчат и имаат проблеми со органите за дишење додека спијат.

6-najzdravi-pozi-za-spienje-4Ако веќе спиете во оваа положба, склупчете се на десната страна.

Фетус

Положба: Лежите склупчени на страна.
Карактер:
Интровертни сте, срамежливи и сензитивни. Ви треба многу време да се зближите со некој, но кога ќе дојде до тоа, вие сте лојални. Инаку во оваа положба спијат повеќето луѓе, дури 41%.
Здравје:
Спиењето на лева страна е стресно за црниот дроб, стомакот и белите дробови.

6-najzdravi-pozi-za-spienje-5`Рчењето е гарантирано, затоа сменете ја положбата.

Војник

Положба: Лежите на грб, со двете раце покрај телото.
Карактер:
Тивки сте, сталожени и резервирани. Не сакате да правите гужва, никогаш не правите драма и не кревате паника. Од друга страна, поставувате многу високи стандарди и за себе и за другите.
Здравје:
Истражувањата покажуваат дека во оваа положба најмногу се `хрчи, отежнато се дише и најнемирно се спие, со превртување од една на друга страна од креветот.

6-najzdravi-pozi-za-spienje-6Кој спие вака, не го боли грбот.

Штица

Положба: Лежите на страна, а рацете ви се поставени покрај телото.
Карактер:
Дружељубиви сте и лежерни. Ширите оптимизам и позитивна енергија па луѓето главно ве сакаат. Умеете да ги сослушате другите, но и да го кажете своето мислење. Многу сте критични.
Здравје:
Оваа положба го држи исправен `рбетот и е добра против болки во грбот.

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg