7 дневна пролетна диета
Ви предлагаме една едноставна диета која дава одлични резултати без прегладнување. По само 7 дена ќе се ослободите од сите токсини насобрани во вашето тело, како и од вишокот килограми. Најважно од сè, ќе си го подобрите расположението.

Оваа диета се темели врз здрава и редовна исхрана, со дури 5 оброци во денот. Ќе бидете зачудени од тоа колку заситено ќе се чувствувате, а ќе имате видливи резултати. Секако, ќе треба да ја комбинирате со барем 15 до 20 активни минути во денот, без оглед дали се работи за прошетка или вежби за истегнување.
1 ден
- Појадок: Омлет од 2 јајца и свежо цеден овошен сок
- Ужина: Јаболко
- Ручек: Компир салата со печена риба, без масло
- Ужина: 2 мали енергетски житарки
- Вечера: Варено пилешко месо и варен зеленчук по избор со малку маслиново масло

2 ден
- Појадок: Мусли со безмасен јогурт и свежо сечкано овошје
- Ужина: Чаша овошен сок
- Ручек: 2 филети риба ослич, зелена салата и една шолја бесмасен јогурт
- Ужина: Банана
- Вечера: Риба на жар со варен зеленчук или овошје
3 ден
- Појадок: Варено јајце, нискокалоричен намаз од сирење, интегрален леб и свежо цеден овошен сок
- Ужина: Јаболко или портокал
- Ручек: Супа од зеленчук, интегрален леб, а потоа едно јаболко
- Ужина: 2 мали енергетски житарки
- Вечера: Пилешко со ориз, а потоа овошје по избор

4 ден
- Појадок: Печиво од интегрални житарки со нискокалоричен намаз од сирење и свежо овошје по избор
- Ужина: Банана
- Ручек: Бело месо на жар, зелена салата и кришка црн леб
- Ужина: Суво овошје
- Вечера: 2 печени компири, зелена салата и безмасен јогурт
5 ден
- Појадок: Корнфлекс со обичен јогурт и овошен сок
- Ужина: Јаболка
- Ручек: Варен ориз издинстан со пиперка, зелена салата, потоа свежо овошје
- Ужина: 50тина грама несолени кикирики
- Вечера: 2 филети ослич на скара и 100гр варен компир

6 ден
- Појадок: Мусли со безмасен јогурт и парчиња овошје
- Ужина: Интегрално печиво и парче посно сирење
- Ручек: 200гр грашок, црн леб, а потоа јаболко
- Ужина: Банана
- Вечера: Омлет од 2 јајца, зелена салата, 50гр посно сирење
7 ден
- Појадок: 30гр овесни снегулки со јогурт и портокал
- Ужина: Суво овошје
- Ручек: Туна со зелена салата, а потоа портокал
- Ужина: 3 мали енергетски житарки
- Вечера: Пире од компир, 100 гр пилешко бело месо на скара и шолја безмасен јогурт

Би можело да ве интересира:
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание
Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата
Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб...
Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)?
За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
Мозочен удар, откажување на бубрезите: Што ќе се случи ако не го третирате високиот крвен притисок?
Високиот крвен притисок може да се регулира со лекови и промени во животните нав...
Зошто имате висок холестерол, дури и кога внимавате на исхраната?
Менопаузата и бременоста создаваат многу промени кај женското тело, а можат да б...
