10 топ совети за здравје и витост


10 топ совети за здравје и витост

Погледнете како на едноставен начин и со мали промени на навиките во исхраната можете да го подобрите здравјето и да ослабете.

10-top-soveti-za-zdravje-i-vitkost

Јадете пополека и долго џвакајте
Намирниците кои се поголеми и потврди треба подолго да се џвакаат (јаболката, целерот, морковот или оревите), нè окупираат и ја „вработуваат“ нашата уста подолго од храната како што е да речеме чипсот. На нашето тело му треба време за да реагира на ситост, па затоа е подобро да се јаде пополека, ако сакаме да бидеме послаби.

Најдобра храна е онаа која е природно одгледана
Компирот расте во земјата, а јајцето го добиваме од кокошката. Но, од каде доаѓаат грицките и колачите? Ако е одговорот: од фабрика, заобиколете ги. Од непреработената свежа храна ќе имаме најмногу корист. Термичката подготовка на храната и ги одзема нутритивните вредности како што се антиоксидансите, растителните влакна, па дури и кога се додаваат хемиски замени, ништо не може да ја замени природно одгледаната храна.

Во овошниот вкус нема овошје
Ако на пакувањето видите дека пишува „со вкус на ...“ тоа значи дека од таа храна е отстранета нејзината вистинска арома и е заменетa со фабричка. Зборот „природен“ само значи дека адитивот е од растително или животинско потекло, што не мора да биде здраво како што звучи. Научниците направиле вкусови употребувајќи бактерии и ги нарекле здрави. Зарем би купиле некој производ ако на амбалажата пишува „со вкус на бактерии“?

Прочитајте ја содржината на задната страна од производот
Она што го пишува на предната страна на производот е реклама, затоа завртете ја кутијата за да ја откриете правата вистина. Колку повеќе спомнати состојки, поголеми се шансите храната да е обработена и вештачка, а со самото тоа треба да се избегнува.

Со сладолед задоволете ја желбата за колачи
Кога ќе посакате сладолед, ниту еден лајт или без холестерол нема да може да ве задоволи. Ваквата диетална храна ќе ве остави гладни и ќе имате чувство дека сте излажани. Стручњаците советуваат да се земе залак или лажица вистински колачи и да се задоволат сетилата. Потрудете се вашиот избор да биде десерт кој содржи овошје или мед.

Калориите се внесуваат со пијалак
Некои пијалаци делуваат здраво поради бојата и пакувањето, како на пример вештачките студени чаеви и сокови, а всушност се засладени води. Немојте да дозволите амбалажата да ве излаже. За здрава голтка, пробајте цедена лимонада, минерална вода со малку лимон или природен студен чај.

Проверете какво месо купувате
Ако забележувате дека вашите деца се претвораат во „топки“, кој знае што јадете. Кога одбирате месни преработки како што се виршлите, колбасите или паштетите, внесувате адитиви наместо хранливи материи. Побарајте од вашиот месар она што го купувате да го сомеле пред вас.

Хранете се медитерански
Не мора да јадете риба само кога одите на море. Чинија риба на скара и свеж зеленчук, но и чаша вино, може барем еднаш неделно да бидат на вашето мени. Медитеранската исхрана го намалува ризикот од срцеви заболувања, но ја одржува и линијата.

Не претерувајте со храна пред спиење
На автомобилот му е потребен бензин кога се вози, а не кога стои во гаража – зошто тогаш најобемниот оброк би бил навечер кога согоруваме најмалку калории? Наместо тоа внесувајте 550 калории за појадок, 500 за ручек и 400 за вечера, додека ужината би требала да изнесува 100 калории.

Учете од големите готвачи
Сите сакаме да ги гледаме на ТВ мајсторите како подготвуваат врвни јадења. Луѓето гледаат емисии и си мислат дека за нив тоа е научна фантастика и дека никогаш нема да можат самите такво нешто да подготват. Не е така. Украдете од нив некои трикови и послушајте ги нивните совети во врска со правилната исхрана одбирајќи свежи намирници и почнете да подготвувате поздрави оброци. 

Би можело да ве интересира:

Храна која треба сè повеќе да ја јадете како што „стареете“ Како што станувате повозрасни, така се менуваат потребите на телото и треба да с...
Што ќе ни се случи ако никогаш во животот не видиме сонце? Научно е докажано дека сонцето има големо влијание врз расположението на луѓето,...
Како ставив крај на токсичната врска со здравата исхрана? Замислете на момент дека сте срна. Шетате низ шума кога наеднаш се појавува чове...

Најчитани неделава