5 нутритиенти кои му недостасуваат на телото

Пролетниот умор во првите овогодишни топли денови, помеѓу останатото се јавува и поради несоодветната исхрана. Недоволното внесување на овошје и зеленчук, односно витамини не успева са да го разбуди имунитетот кој е ослабен од долгите зимски месеци.

5-nutritienti-koi-mu-nedostasuvaat-na-teloto

Ова се петте нутритиенти од кои барем еден е сигурно во дефицит кај секој од нас. Затоа навалете на свежо овошје и зеленчук, а ако прегледот кај доктор покаже посериозен недостаток од некој од елементите, прехраната збогатете ја со потребните суплементи.


Калциум

  • Препорачана дневна количина: 1.000 mg (1200 за жени постари од 50 години)
  • Потребен е за : силни коски и здрави заби.
  • Го има во: млекото, јогуртот, зелениот зеленчук, лососот и сардините.


Витамин Ц

  • Препорачана дневна количина: 75 mg
  • Потребен е за : за јакнење на имунолошкиот систем, делува против воспаленија и како антиоксиданс.
  • Го има во: брокула, јагоди, киви, магдонос, целер, спанаќ, лимон, портокал, мандарини, цитрони, црвената пиперка..


Растителни влакна

  • Препорачана дневна количина: 25 mg
  • Потребен е за : здраво варење на храната, воспоставување на рамнотежа на шеќерот и холестеролот во крвта. Пресудни се и за одржување на тежината.
  • Го има во: целите житарици (лебот со семки, зобната каша), оревестите плодови, сусамот, сончогледот, повеќето овошја и зеленчук.


Калиум

  • Препорачана дневна количина: 4700 mg
  • Потребен е за : менталното здравје, срцето, бубрезите и нервниот систем.
  • Го има во: бананите, портокалите, лиснатиот зеленчук, авокадото, гравот и јогуртот.


Магнезиум

  • Препорачана дневна количина: 310-320mg
  • Потребен е за : нервниот систем, здрави коски и мускули. Поволно делува и на подобрување на расположението.
  • Го има во: оревестите плодови, семките, зелениот зеленчук (кељ, брокула, спанаќ), компир.

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Дали треба да пиете суплементи со витамин Д во есен и зима? Во постудените месеци, кога денот е пократок, минуваме помалку време на отворено...
Која храна да ја избегнувате ако имате замастен црн дроб (и кои намирници ќе ви помогнат)? Додека зелениот лиснат зеленчук и храната со незаситени масти се добри за лица с...
Луѓе кои имале рак споделуваат кои симптоми посакуваат да не ги игнорирале „Ненадејно слабеење. Прво ми годеше, но набрзо сфатив дека е предупредувачки зна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg