Бидете вистински среќни

Дали сте среќни? Што подразбирате под поимот среќа? Секој има свое чувство на среќа. Исти работи не ги прават сите луѓе задоволни, но постојат заеднички работи.

bidete-vistinski-srekjni

Бидете љубезни
Секој облик на љубезност, убавиот збор, насмевката, добротворната работа...допринесува и го зголемува чувството на среќа.

Живеете во изнајмен стан
Потстанарите се посреќни од оние кои што го издаваат станот. Една студија наведува дека сопствениците не се посреќни ниту по еден критериум – животно задоволство, севкупно расположение, чувства.

Набројте ги своите благослови
Водете дневник за своите достигнувања и бележете што ве прави среќни. Читајте го од време на време и постојано ќе ви се враќаат убави емоции, чувството на среќа така ќе трае подолго и во тоа е клучот на успехот.

Бидете штедливи
Материјализмот, прекумерното трошење и купувањето, не се пријатели на среќата. Промоцијата „одржлива среќа“ значи дека вложувате во себе, во луѓето околу вас, правите добри работи, учите. Купувањето и собирањето на работи не води никаде.

Станете родители
Оваа ставка не се решава преку ноќ. Но родителството во себе носи многу подлабоко чувство на среќа. Не се сите родители сами по себе среќни, но таа улога дава исклучително чувство , смисла и значење во животот.

Со ситни чекори до крупни цели
Кога ќе направите список на достигнувањата кои сакате да ги постигнете, преземајте ситни чекори – тоа ќе го подобри чувството на среќа. Така ќе имате чувство дека напредувате постојано, дека се усовршувате и дека одите кон идеалите.

Бидете здрави и ќе живеете долго – среќата е најголема во 65-тата година
Сатисфакцијата на животот, според некои истражувања го достигнува својот максимум во 65-тата година и не „попушта“ пред 75-тата.

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg