Седум трикови да ја залажете гладта

Се ближи моментот кога ќе морате да се соблечете на плажа, а килограмите кои ги наталоживте оваа зима се сè уште тука? Ве советуваме како да одолеете да искушенијата кога сакате да изедете нешто што не би требало.

sedum-trikovi-da-ja-zalazete-gladta-01

Ова се седумте трикови со кои најлесно ќе се сопрете кога нозете сами ви се движат во правец на фрижидерот.

Вода
Покрај тоа што ќе ви помогне во свежината, шест до осум чаши на ден ќе ви пружат и чувство на полн желудник. Доколку баш морате да изедете неколку коцки чоколадо, прво испијте една чаша млака вода.

Овошје и зеленчук
Секогаш одбирајте младо и сезонско овошје кое е крцкаво, сочно и вкусно. Наместо да посегнете по кеса полна чипс, со себе понесете си кесичка со ситно сецкани моркови, јагоди или што и да посакате.

Пивски квасец
Недостаток на витаминот Б е чест по долгата и напорна зима. За да го спречите вашиот организам да бара намирници кои ќе го надокнадат овој витамин, секое утро зимајте по една лажичка пивски квасец во јогурт или овошен сок.

Јадете со спротивната рака
Доколку сте деснак, префрлете го ножот или вилушката во левата рака. Звучи чудно, но на овој начин ќе ја намалите можноста од прејадување.

sedum-trikovi-da-ja-zalazete-gladta-02

Акупресура
Иако може да ви звучи смешно, еднаш кога ќе пробате, ќе бидете зачудени од ефектот. Кога и да осетите напад на глад, силно притиснете ја точката која се наоѓа на спојот на вашата горна уста со почетокот на носот и масирајте 10тина секунди. Оваа точка се верува дека има магично дејство на вашиот апетит.

Физичка активност
Кога и да ви се јави желба да каснете нешто, наместо тоа седнете на велосипед и повозете се неколку минути. Следниот пат можете да експериментирате и со пешачење или неколку вежби. Заменете ја гладта со физичка активност која ќе ви помогне да останете сити.

Појадувајте
Сите нутриционисти се сложуваат со едно – појадокот би требало да биде главниот и најважен оброк во денот. Затоа, натерајте се секое утро да појадувате здраво. Еден ден тоа нека бидат житарици, следен ден лесно печиво и јогурт, третиот ден имајте овошна салата... Важно е денот да го започнете сити, затоа што само така ќе имате енергија за сè што ве очекува и нема постојано да мислите на храна.

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg