Кои проблеми можете да ги решите со вежбање?

Стресот, болките во грбот, поспаноста или намалената сексуална желба се проблемите кои ќе ги решите со вежбање.

koi-problemi-mozete-da-gi-resite-so-vezbanje-01

Додека се борите со желбата да изедете нешто вкусно, мозокот всушност бара допамин. Тој е задолжен во мозокот за пријатното чувство и доброто расположение. Наместо храна, допамин можете да произведете и со вежбање.

- Освен за одржување на линијата и подвижноста, вежбањето има и медицински ефект за одредени здравствени проблеми – вели Џесика Гирдваин.

Анксиозност

Докажан начин за ублажување на анксиозноста е кардио тренингот. Таквите вежби го зголемуваат ослободувањето на неуротрансмитерите кои се потребни за стабилизира на расположението и додека вежбаме со потта се исфрла стресот. За се на се 30 минути секојдневно лесно трчање подоцна со часови полесно ќе се справуваме со стресот.

Поспаност

Дури 65 проценти од испитаниците кои што вежбаат 150 минути неделно имаат помалку проблеми со поспаноста и уморот. Имено, по вежбањето подобро се спие и имаме повеќе енергија кога ќе се разбудиме. Ако имате здравствени проблеми, вашиот избор нека биде јогата.

Болки во грбот

Мускулите околу карлицата со годините заслабнуваат бидејќи помалку се движиме, а повеќе седиме. За да се избориме со овој проблем и да ја намалиме болката треба да ги вежбаме стомачните мускули. Вежбите треба да се прават во помали серии, но да се повторуваат повеќе пати.

Јакнење на либидото

Ако имате ваков проблем, доволно е убаво да се испотите во теретана. Утврдено е дека жените кои што вежбаат 20 минути дневно побргу се возбудуваат. Вежбајте зумба или танц.

Зајакнување на имунитетот

Аеробните вежби се природен борец против вирусите и настинката. За зајакнување на имунитетот помагаат и вежбите кои го зголемуваат бројот на отчукувања на срцето, затоа трчајте, танцувајте или одете нa аеробик.

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
6 мали животни промени кои ќе ви помогнат да го контролирате дијабетесот Внимавајте на исхраната и одете на лекар барем двапати годишно за да проверите к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg