20 начини како да ја победите мрзеливоста

Можеби е доцна за да освоите олимписки медал, но тоа не е оправдување за вашата неподвижност и мрзеливост.

20-nacini-kako-da-ja-pobedite-mrzlivosta-01

Живееме во време кога технологијата ни го диктира темпото на живеење, и со нејзина помош работите кои ги сакаме се поблиску од кога и да е.Тоа не доведе во ситуација ние да се закотвиме во нашиот дом и да не се движиме воопшто.

Ова се 20 најлесни начини како да се победи инертноста, но секако дека желбата е пред сите.

1. Се договарате за кафе? Договорете се за прошетка во паркот или во трговскиот центар.

2. Не си купувајте сладолед за дома. Купете од блиската продавница и јадете го по пат до дома.

3. Не користете автобуски превоз, пешачете до местото.

4. Почнете да трчате, не е важно колку можете дали 100 метри или еден километар, важно е да почнете.

5. Активирајте се додека гледате телевизија. Постојат многу вежби кои можете да ги правите додека гледате некоја програма.

6. Користете скали наместо лифт.

7. Купувајте намирници од пазар, бидејќи таму ќе се движете повеќе.

8. Не праќајте меилови до вашите колеги. Станете од столот и објаснете им во лице.

9. Купете некоја справа или опрема за вежбање која не сте ја користеле до сега.

20-nacini-kako-da-ja-pobedite-mrzlivosta-02

10. Посетувајте музеи и изложби барем еднаш месечно. Така ќе се раздвижите и ќе си ја збогатите душата.

11. Чистете го домот. На тој начин ќе се движите низ домот и ќе направите нешто убаво за него.

12. Танцувајте без разлика каде сте, во клуб или дома.

13. Направете нов распоред во домот.

14. Паркирајте се подалеку од местото каде што треба да одите.

15. Одете на работа со велосипед, а ако е предалеку можете да одете со велосипед до блискиот супермаркет или до кај пријателот.

16. Истегнувајте се секојдневно. Овие вежби ги спречуваат грчевите во мускулите и помагаат многу против болките во грбот и нозете.

17. Играјте активни видео игри кои вклучуваат и физички движења.

18. Усовршете ги хулахопот, ролерите, скокањето на јаже и другите игри кои сте ги практикувале како дете.

19. Станете и движете се додека зборувате на телефон.

20. Не барајте најлесен начин како да се извлечете!

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg