7 причини да не ја прескокнувате паузата за ручек
Често се случува ручекот да го јадеме додека сме на работа пред компјутер без да обрнеме внимание што јадеме и како јадеме. Паузата и ручекот се третираат како второстепена потреба, додека работата е на прво место. Ако го проминете пристапот ќе имате многу позитивни ефекти кои се објаснети подолу.

Ќе јадете помалку грицки
Ако јадете пред компјутер, ќе јадете дупло повеќе отколку кога би јаделе на друго место. Ова го докажало едно истражување, а се случува бидејќи мозокот не регистрира колку јадете кога е сконцентриран на нешто друго.
Вашето тело ќе биде посреќно
Ако седите по цел ден во канцеларија, ќе согорите 350 калории помалку од луѓето кои стануваат повремено да прошетаат. Воедно, жените кои долго седат имаат повисоко ниво на инсулин кој води до шеќерна болест.
Ќе бидете порасположени
Ако излезете на прошетка за време на паузата на ручек, ќе се подигне нивото на витамин Д во вашиот организам. Во зимските денови ова е особено важно бидејќи овој витамин влијае врз серотонинот и со тоа успешно ќе се изборите против зимското нерасположение.
Ќе го одморите грбот
Не е случајно што сите физикални одделенија се преполни со канцелариски работници. Долгото седење на стол создава притисок во пршлените и кога ќе станете тој притисок се ослободува. Прошетајте се за време на паузата и вашиот грб ќе ви биде благодарен.
Ќе бидете попродуктивни
Колку подолго работите без пауза склони сте кон правење на повеќе грешки. Ако ја искористите паузата за правење кратки вежби ќе си ја поправите мотивацијата за 41% , а концентрацијата за 21%.
Ќе бидете подобри во домот
Ручекот со пријателките кога се жалите за работата, стресот, и лудите работни часови не е глупост, напротив тоа е неопходност. Морате да најдете начин како да ја исфрлите таа негативна енергија затоа што таа се пренесува во домот и може лошо да се одрази врз семејните односи.
Ќе го подобрите дигестивниот систем
Колку побрзо јадете толку е поверојатно дека ќе ви се појават гасови и киселини. Запомнете дека секој залак треба да го џвакате најмалку 40 пати пред да го проголтате.
