Неверојатни предизвикувачи на мигрената
Оние кои ја искусиле мигрената знаат дека станува збор за исклучително непријатна главоболка. Ова е преглед на неверојатните работи кои што предизвикуваат мигрена, а голем број луѓе тоа не го знаат.

Предолго спиење
Докажано е дека мигрената често се јавува после подолг сон. Зошто? Мигрената не сака менување на рутината, а дологото спиење е нешто што ги поттикнува болките.
Одмор по стрес
Телото на стрес влијае со зголемено ниво на хемикалии кои кога ќе помине кризата нагло се спуштаат. Брзата промена на нивото на хормони може да предизвика мигрена. Тоа е причината зошто може да се јави мигрена за време на викендот или штом отидете на годишен одмор.
Дожд
Иако нема конкретни докази забележано е дека мигрените почесто се јавуваат за време на дождливите денови.
Некои парфеми
Јаките парфеми кај некои луѓе може да предизвикаат силни мигрени. Јаките мириси поттикнуваат одредени центри во мозокот кои потоа ја предизвикуваат мигрената.
Кафе
Кафето е намирница која што збунува бидејќи не е добро кога ја пиеме, но не е добро и кога не ја пиеме. И едното и другото може да предизвика мигрена – премногу кофеин, но и премалку кофеин.
Секс
Ова е навистина за верувале или не – дури и сексот може да предизвика мигрена. Стручњаците не знаат зошто се случува тоа, но веруваат дека има врска со хемиските промени во мозокот кои се случуваат за време на сексот.
