6 вежби кои ги релаксираат уморните стапала
Топлото време не им оди во прилог на оние кои што имаат проблеми со циркулацијата и вените, па често пати се жалат на отечени и болни нозе. Од овие проблеми можеби уште повеќе страдаат оние кои денот го поминуваат на нозе. По долготрајното стоење доаѓа до зголемуање на венскиот притисок и намалување на протокот на крв низ вените, па затоа се чувствува тежина и болка во нозете.

Овие непријатни тегоби може да се ублажат со едноставни вежби.
Размрдајте ги прстите
Вежбата правете ја со боси нозе. На подот ставете два листа од весник и со прстите фатете ги, гужвајте ги и кинете ги. Тоа е идеална вежба за подвижност на мускулите на ножните прсти.
Одлично загревање
1. Застанете на подот со раздвоени стопала, левата нога ослонете ја на прстите и кружете со стопалото на десно и лево.
2. Ногата полека спуштете ја од прстите до петицата и наназад. Обидете се да ги соберете прстите.
3. Сега полека виткајте го стопалото кон внатрешната страна.
4. Истото направете го и кон надворешната страна.
5. Секоја од овие вежби се прави по една минута.

Зајакнете го ризот
Седнете на стол со исправен грб. Едната нога наслонете ја на подот под прав агол, а другата испружете ја и ослонете се на петицата. На ризот ставете некој товар, на пример кеса од 1kg ориз, па прстите повлекувајте ги во правец на коленото. Направете ја вежбата десет пати, па сменете ја ногата.
Вежби за стaпала од врвот на прстите до петицата
1. Вежбата се прави со боси нозе. Опуштете го телото и подигнете се на врвовите од прстите.
2. Полека вратете се назад на петиците и подигнете ги прстите. Водете сметка за рамнотежата.
Вежбајте рамнотежа
Земете мека крпа и свиткајте ја неколку пати. Застанете на крпата и подигнете го едното стaпало. Обидете се да се одржите една минута ослонувајќи се на другата нога.
За витки листови
Застанете боси на нешто повисоко, на пример на вага за мерење тежина или слично и полека подигнете го и спуштајте го стaпалото виткајќи ја ногата наназад. Повторете ја вежбата осум пати со три паузи.
