Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 дневна антицелулитна диета

Како што некои облици на пороци можат да доведат до наталожување на целулит, така и некои обични навики во секојдневната исхрана може лесно да се изборат со него.

6-dnevna-anticelulitna-dieta-01

Оваа антицелулитна диета е разновидна и богата со вкусови, а резултатот е лесно видлив. Со овој начин на исхрана ќе изгубите вишок килограми само онаму каде што ви е најпотребно.

Внесувањето на калории е ограничено на 1200 дневно, но треба да имате на ум дека само диетата не е доволна во борбата со овој непријател на сечие тело. Телесната активност ќе ви биде од огромна корист, па затоа практикувајте колку што можете повеќе трчање, брзо одење, возење велосипед или некој спорт по желба.

Трите елементи кои низ секојдневната исхрана не ги внесуваме доволно, помагаат во отстранувањето на целулитот, па затоа ако сакате оваа борба да биде успешна мора да го зголемите нивното консумирање.

Сулфурот се наоѓа во намирниците богати со животински белковини како што се месото, рибата, млекото, сирењето и јајцата, а помага во отстранување на насобраните токсини.

Калиумот можете лесно да го пронајдете во млекото, овошјето, житарките, доматите и компирите, а помага за отстранување на вишокот течности.

Витаминот Ц го зголемува производството на колаген и го спречува наталожувањето на масни зрнца во ткивата. Можете да го пронајдете во портокаловото овошје, јагодите, дињите, пиперките, брокулите, доматите и зелениот лиснат зеленчук.

6-dnevna-anticelulitna-dieta-02

Ова е програмата на исхрана кон која треба да се придржувате ако сакате да победите во битката со целулитот.

1 ден

Појадок: 150ml млеко или еден јогурт, шолја мед, шолја овесни снегулки и крушка

Меѓуоброк: 40g суво овошје

Ручек: Пилешки гради со лесен сос и варен ориз - 100g пилешко месо, 40g ориз, лук, супа од зеленчук, немасно кисело млеко или јогурт, маслиново масло, феферони

Меѓуоброк: Портокал

Вечера: Салата со шунка, 50g интегрален леб и јајце - 60g зелена салата, тврдо варено јајце, 50g шунка, 4 чаши сок од портокал

2 ден

Појадок: Фрапе од 150ml безмасно млеко и 125g банана

Меѓуоброк: 40g суво овошје

Ручек: Тестенини во сос од печурки - 40g тестенини, 200g печурки, две лажици безмасна павлака или јогурт, 20g мелени ореви, лук

Меѓуоброк: Интегрално печиво со 30g безмасно сирење

Вечера: Салата од 3 лажици сок од портокал, лажичка оцет, сол и феферони со парче интегрален печен леб со свежо сирење

3 ден

Појадок: 250g малини, 150dcl свежо млеко, шолја овесни снегулки, две лажици мед

Меѓуоброк: 40g суво овошје

Ручек: Супа од зеленчук - исечкан кромид, половина литар супа од зеленчук, 200g тиквички, 1 пиперка, 50g шунка, 50g грав, сол, бибер, маслиново масло, оцет, сос од соја

Меѓуоброк: Јаболка

Вечера: Салата од пилешко и тиквички - 60g зелена салата, 200g тиквички, 3 лажици сок од портокал, лажица оцет, сол, 3 лажици кисела павлака или јогурт и 40g интегрален леб

6-dnevna-anticelulitna-dieta-03

4 ден

Појадок: Фрапе од 150dcl млеко и 100g манго

Меѓуоброк: 40g суво овошје

Ручек: Бела риба со ориз - 40g ориз, 2 филети бела риба, лажица лимонов сок, лажица исечкан хрен и лажичка копар, 200 мл супа од зеленчук, 2 лажици безмасно кисело млеко или јогурт, домат

Меѓуоброк: Интегрално печиво со 20g шунка

Вечера: Салата од шампињони и интегрално печиво

5 ден

Појадок: Јаболко, лажица лимонов сок, јогурт, шолја овесни снегулки и лажица мед

Меѓуоброк: 40g суво овошје

Ручек: Кременадли со краставичка исечкана на плочки, половина пиперка, две лажички сок од портокал, лажица оцет, половина лажица масло, сол, лажица сос од соја и 50g интегрален леб

Меѓуоброк: Половина ананас

Вечера: Салата со морков и брокула - 250g зелена салата, 200g морков, 100g варена брокула, две лажици безмасна павлака, лажичка сенф, 40g интегрален леб и 30g шунка

6 ден

Појадок: Киви, јогурт и шолја овесни снегулки

Меѓуоброк: 40g суво овошје

Ручек: Омлет со спанаќ - 100g варен спанаќ, две јајца, лук, маслиново масло и 40g интегрален леб

Meѓуоброк: 50g интегрален леб со 2 парчиња пилешка салама

Вечера: Салата со соја никулци и пиперка

6-dnevna-anticelulitna-dieta-04

Би можело да ве интересира:

Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Дали вегетаријанскиот начин на исхрана е безбеден за деца (и како да го примените)? Ако од кои било причини одлучите вашето дете да следи вегетаријански начин на ис...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Природен лек за искашлување секрет од белите дробови – Се пие секој ден по една лажичка Ако и вие заради променливото време маки мачите со кашлицата, овој рецепт за при...
7 знаци дека треба да посетите кардиолог Не се храните здраво и чувствувате болка во градите која се засилува со физичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg