Подгответе смути пијалак - здрав оброкот во чаша

Оброците во чаша станаа вистинска сензација. Освен што содржат многу здрави и свежи намирници, лесно се варат и нивната нутритивна вредност им е толку висока што не е ни потребно да ги готвите како посебна храна за појадок или вечера.

smoothie-pijalak-zdrav-obrok-vo-casa-01

Високите температури го затвораат апетитот, па не е ни чудо ако готвењето го доживувате како голема обврска. За да си ја олесните работата, во кујната потребен ви е само блендер кој ќе ви подготви освежителен оброк во чаша.

Можете да комбинирате состојки по своја желба, само внимавајте на нивната хранлива вредност, количината на витамини, како и на калориите.

Ова се највкусните 5 смути оброци во чаша...

Смути од јогурт, чоколадо и малина

  • Половина шолја млеко од бадем или соја
  • 1 јогурт
  • 1 шолја малини
  • ¼ рендана чоколада, со висок процент на какао
  • Ситно сецкан мраз

Солено-благо смути

  • 2 шолји спанаќ
  • ½ шолја јагоди
  • ½ краставица
  • Неколку ливчиња нане
  • Лажица свеж сок од лимон или портокал

smoothie-pijalak-zdrav-obrok-vo-casa-02

Слатко и хранливо смути

  • ½ шолја немасно млеко
  • ½ шолја обичен јогурт
  • 2 лажици путер од кикирики
  • ¼ зрела банана
  • 1 лажица мед
  • 4 коцки мраз

 
Шумско смути

  • ½ јаболка
  • 1 шолја малини
  • Сок од грејпфрут
  • Сок од портокал


Тропско смути

  • 1 грејпфрут
  • ½ маракуја
  • ½ ананас
  • Свежо цеден сок од лимон

За сите комбинации рецептот е подеднакво едноставен. Сите овошја исецкајте ги на ситни коцки, ставете ги во бледнер и иситнете ги. Потоа додадете ги течностите и соковите, мешајте уште неколку минути и претурете во чаша. По желба додадете цимет или ванила екстракт.

smoothie-pijalak-zdrav-obrok-vo-casa-03

Би можело да ве интересира:

Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Мозочен удар, откажување на бубрезите: Што ќе се случи ако не го третирате високиот крвен притисок? Високиот крвен притисок може да се регулира со лекови и промени во животните нав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg