Здравствени придобивки од кафето

И покрај тоа што сè почесто ги слушаме негативните страни на кофеинот, доколку не се наоѓате во здравствена состојба каде тоа е строго забрането, шолја до две кафе дневно може да ви бидат само од корист.

zdravstveni-pridobivki-od-kafeto-01

- Истражувањето спроведено во 2002 година открило дека оние кои дневно пијат барем по една шолја кафе имаат помал ризик од 25 проценти за развој на камен во бубрег.

- Жените кои секојдневно пијат кафе имаат 20 проценти помал ризик за развивање на депресивно расположение.

- Кафето може да ви помогне да ја поправите како долготрајната, така и краткотрајната меморија.

- Дијабетесот од тип 2 има помали шанси да се појави кај оние кои секојдневно консумираат по 1 до 2 шолји кафе.

- Кафето го забрзува метаболизмот, па многу лесно и брзо може да ви помогне да ја сочувате здравата тежина, па дури и да намалите некој килограм.

- Кафето го намалува ризикот од некои видови рак кој најчесто се појавува кај простатата, градите и јетрата.

- Ако низ целиот живот практикувате подеднакво дневно количество кафе, имате помал ризик дека ќе боледувате од Алцхајмерова болест во доцните години.

- Кафето ги подобрува физичките способности. Истражувањето од 2008 година покажало дека спортистите кои пијат кафе имаат поголема издржливост.

- Шолја кафе дневно може да ве заштити од сонцето, поточно да го намали оштетувањето на кожата предизвикано од силните сончеви зраци.

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg