6 начини како да ја спречите главоболката

Според стручните проценки, 1 од 25 возрасни има повеќе денови со главоболка отколку без. Со тек на време, овие личности самите сфаќаат што им ги поттикнува главоболките и превземаат превентива.

6-nacini-kako-da-ja-sprecite-glavobolkata-01

Кои се најчестите причини за главоболка и како да ја спречите?

Вежбајте

30 минутно шетање, возење велосипед или некоја друга умерена физичка активност треба да станат вашата рутина. Експертите се уште не се сигурни како вежбањето помага против главоболките, но сметаат дека има поврзаност со хормонот ендорфин кој се ослободува во текот на вежбањето.

Намалете ги вишокот килограми

Главоболките се јавуваат кај луѓе со висок индекс на телесна маса, особено над 30, а истражувањата покажуваат дека кога ќе ги намалат килограмите и главоболките се намалуваат.

Спијте редовно

Премалку или премногу спиење може да предизвика главоболки. Стандардна препорака е осум часа сон дневно, иако секој треба бројот на часови да ги прилагоди според сопствениот биоритам.

6-nacini-kako-da-ja-sprecite-glavobolkata-1

Здрава исхрана

Се смета дека одредена храна може да предизвикува главоболки кај некои луѓе. Алкохол и чоколадата се на врвот на листата. Најдобро е да водите дневник на исхрана и да видите која храна ви предизвикува главоболка. Не ја заборавајте водата, бидејќи овој тип на болка може да се јави поради дехидрираност на мозокот. Кога ќе имате главоболка, напијте се две чаши вода за да ја отстраните. Ќе се изненадите колку често болката ќе прекине ако ги промените прехранбените навики и ако пиете повеќе вода.

Престанете да пушите

Две истражувања покажале дека пушењето на цигари ги зголемува можностите да добиете главоболка.

Ограничете го стресот

Постојано присутниот стрес влијае на многу начини на телото, а еден од нив е предизвикувањето на главоболка. Кај некои луѓе се јавува во стресните ситуации, а кај други еден или два дена подоцна кога телото ќе се опушти. Во двете ситуации решение е да го намалите стресот. При напад на главоболка важно е телото да се релаксира со масажа, вежбање или медитација.

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg