Тест: Дали и вие дишете неправилно?

Повеќето луѓе мислат дека правилно дишење е земањето и испуштањето воздух во ритам со чекорот, но дишењето и понатаму е природна и автоматска активност за која главно не размислуваме.

teste-dali-i-vie-disete-nepravilno-01

Пред да си кажете: „Знам да дишам, па како го правам тоа цел живот!“, испробајте го овој тест.

Гледајте пред себе и вдишете и издишете два пати. Потоа тоа направете го гледајќи во земјата.

Се мрда ли нешто? Повеќето луѓе дишат многу кратко, па ретко кога нешто ќе им се придвижи. А, во белите дробови има далеку повеќе воздух отколку што луѓето користат.

Затоа, во само три чекори научете длабоко и правилно да дишете:

1. Легнете на грб, на под. Ставете ја едната рака на папокот, а другата на долниот дел од грбот.

2. Полека длабоко вдишете и барем 5 секунди полнете ги градите. Ако дишете правилно, стомакот би требало да ви се подигне, а градниот кош да се прошири во страна.

3. Кога ќе почувствувате дека градите ви се полни, полека издишувајте броејќи до 7, додека целиот воздух не го испуштите од градите.

Повторувајте ги овие вежби по најмалку 10 пати на ден. Ќе ја поправите функцијата на белите дробови и крвните жили, ќе го наполните телото со кислород, ќе ги исфрлите токсините и ќе го намалите стресот.

Со тек на време длабокото дишење ќе ви прерасне во здрава навика.

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg