Како да седите правилно пред компјутер?

Доколку на работното место мора да седите осум или повеќе часови дневно, тогаш барем помогнете му на вашето тело да не трпи болка и мака и седете правилно. Само така ќе избегнете болки и непријатна последици од долготрајното седење.

ako-mora-da-sedite-so-casovi-sedete-pravilno-01

1. Телефон

Дали имате обичај да го ставате телефонот меѓу рамото и увото? На тој начин премногу форсирате само една страна на вратните мускули, што ќе ви предизвикува болка, а во најава се и проблеми со вратните пршлени. Ако вашата работа подразбира седење на телефон, користете ги рацете за да го држите телефонот. Движете повеќе делови од телото.

2. Раце

Потрудете се рацете секогаш да ви бидат свиткани под агол од 90 степени, за да можат мускулите околу лактите и подлактите да се опуштат. Прилагодете ја висината на вашето столче за да се сместите удобно.

3. Столче

Сместете се на столчето така што наслонот да ви помага да го држите грбот исправен, а воедно да можете да се потпрете и да им дадете простор за опуштање на грбните мускули.

ako-mora-da-sedite-so-casovi-sedete-pravilno-2

4. Нозе

Држете ги нозете под агол од 90 степени. Доколку не можете да го дофатите подот, држете ги на некој потпирач или на столчето. Строго избегнувајте прекрстени нозе. Тоа не е добро ниту за половината.

5. Монитор

Важно е мониторот да ви биде на висина рамен со очите. Погледот надолу може да предизвика болки во вратот при наведнување на главата, затоа подигнете го мониторот или поставете го на нешто повисоко, за да ја прилагодите висината.

6. Тастатура и глувче

Поставете ги малку подалеку од работ на масата за да имате доволно место да ги сместите лактите, на тој начин нема да вршите дополнителен притисок на вратот и рамената.

7. Стапала

Држете ги стапалата со целата нивна должина на подот. Трудете се да не ги ставате под или зад столчето. Немојте да ги прекршувате и да ги виткате бидејќи таа поза не им одговара на нервите на половината и ги напрега колковите.  

ako-mora-da-sedite-so-casovi-sedete-pravilno-1

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg