Сок од домати наместо енергетски пијалак?

Американските научници откриле дека сокот од домати на телото му овозможува сосем доволно енергија за да се подобри после вежбање.

sok-od-domati-namesto-energetski-pijalak-01

Научниците спровеле истражување во кое учествувале 15 личности кои вежбале интензивно. Истражувањето траело 2 месеца, а научниците ги проучувале нивните витални знаци пред и по вежбите.

Мускулите на оние учесници кои по вежбањето пиеле сок од домати значително побрзо заздравувале, во однос на оние кои пиеле енергетски пијалаци.

Освен заздравувањето на мускулите во телото многу побрзо се воспоставила рамнотежа на глукозата по консумирање сок од домати во однос на енергетските пијалаци.

Доматите содржат ликопен, кој му дава црвена боја. Исто така, тие се богат извор на антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од рак, срцеви болести и крвотокот.

Научниците истакнуваат дека сокот од домати е толку делотворен што ќе покаже значителни резултати по 2 месеца од почетокот на консумирањето.

Претходното истражување, кое го направиле шведски научници, покажува дека сокот од домати може да го намали нивото на оксидативни оштетувања кои настануваат за време и по вежбањето.

Научниците чие истражување е објавено во еден магазин истакнуваат дека сокот од домати треба да му дадеме предност , бидејќи во однос на енергетските пијалаци не содржи ништо штетно, особено ако е органски.

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg