5 „здрави“ намирници со огромно количество калории

Не им верувајте слепо на етикетите „здраво“ или „диетално.“ Неретко се случува таканаречените  здрави намирници да кријат неколку стотици или илјадници калории.

5-zdravi-namirnici-so-ogromno-kolicestvo-kalorii-01

За да не правите грешка која негативно ќе влијае на вашето здравје и линија, на време откријте ги калориите кои ги кријат овие 5 „здрави“ намирници.

Маслиново масло и јаткасти плодови

Дали знаевте дека маслиновото масло содржи 1.900 калории, а вие мислите дека е далеку поздраво од сончогледовото?

Исто така убедени сте дека јаткастите плодови како ореви, бадеми и лешници се помалку калорични од останатите грицки?

Една шолја кикирики има 840 калории, оревите имаат 720 калории, а бадемите 795 калории на само една шолја.

Мед

Медот, кој е форсиран како здрава замена за шеќерот, крие 1030 калории по шолја.

Фрапе

Фрапеата се моментално во тренд како здрави пијалаци, а се подготвуваат од овошен сок, овошје и мраз. Подоцна започна да се додава јогурт, млеко, путер од кикирики, па дури и сладолед.

Од тогаш, во само 1 чаша просечно фрапе има помеѓу 300 и 400 калории.

5-zdravi-namirnici-so-ogromno-kolicestvo-kalorii-02

Салати

Да, да салати. Никој до сега не ви открил дека салатите во рестораните имаат многу повеќе калории од скромен хамбургер.

Салатите со месо и зеленчук во комбинација со кубети може да достигнат бројка од 1.800 калории по порција. И тоа без дресинг и преливи!

Коктели

Алкохолните коктели, колку и да мислите дека се без шеќер, не спаѓаат во диетални, ниту пак здрави.

Една Маргарита содржи 540 калории, коктелот Менхетен во себе крие 960 калории, а Пина Коладата дури 924 калории по чаша.

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
Исповеди на луѓе кои слабееле со Оземпик: „Престанав кога почна да ми паѓа косата“ „Си ги вратив килограмите“, „Девојка ми ослабе 20 килограми, но продолжи да вним...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg