Зошто се штрекнуваме во сонот и како да го спречиме тоа?

Штрекнувањата во сонот се поврзани со нервите, односно со нивното надразнување. Но, тоа не значи дека сигнализираат некоја болест. Понекогаш сред ноќ се будите поради тресењето на рацете, нозете или пак на целото тело.

zosto-se-streknuvame-vo-soonot-i-kako-da-go-sprecime-toa-01

Станува збор за физиолошка реакција и најчесто се случува кога мускулите се опуштаат, веднаш на почетокот на сонот. Колку сте поуморни, толку штрекнувањата се почести и посилни.

Нервните мускулни реакции се поврзани со соновите. Доколку сонувате каква било активност, можно е да ви треперат одделни делови од телот. Тоа е силата на потсвеста која останува будна дури и кога спиеме.

Истото се случува и ако ве болат некои делови на телото – треперењето во тој случај ќе биде реакција на вашето тело на болка и така ќе ја намалите непријатноста.

zosto-se-streknuvame-vo-soonot-i-kako-da-go-sprecime-toa-2

Штрекнувањето во сон може да ве разбуди, па за да го спречите или намалите тоа, докторите советуваат:

-Избегнувајте стресни ситуации бидејќи се голем непријател на здравјето.

- Пред спиење испијте липов чај или слична билна мешавина за да ви се опушти телото пред да си легнете.

- Топла купка пред спиење исто така помага во опуштање на телото.

- Обидете се да легнете на време и да спиете по 8 часа дневно.

zosto-se-streknuvame-vo-soonot-i-kako-da-go-sprecime-toa-1

Би можело да ве интересира:

5 симптоми за рак на дебелото црево што најчесто се игнорираат Необјаснивото слабеење, заедно со ректалното крвавење, можат да бидат знак за ра...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Зошто ви растат влакна на прстите на стапалата (и кога се знак за проблем)? Колку и да ги мразите, влакната се сосема природна појава, а не е невообичаено д...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...

Најчитани неделава