Зошто наутро треба да пиете вода со лимон?

Почнете го денот така што ќе испиете топла вода во која сте исцедиле лимон и ќе направите нешто добро за својот организам. Постојат неколку клучни придобивки од започнувањето на денот со една чаша здрав пијалак со вода и лимон.

zosto-nautro-treba-da-piete-voda-so-limon-01

Помага во варењето

Не само што топлата вода го штити дигестивниот тракт, туку лимонот го стимулира и прочистува црниот дроб. Покрај тоа допринесува за подобра работа на стомачните киселини.

Имунитетен систем

Цитрусите се богати со витамин Ц и аскорбинска киселина. Витаминот Ц помага во борбата против настинката, а аскорбинската киселина помага во апсорпцијата  на железо кое е исто значајно за функционирањето на имунолошкиот систем.

Рамнотежа на pH вредноста

Ако дојде до хронична нерамнотежа на pH вредноста во организмот, полесно се доаѓа до заболувања. Овој пијалак ја регулира рамнотежата.

Детоксикација

Лимонот помага во исфрлувањето на штетните материи од организмот и претставува природен диуретик, што значи дека го помага исфрлувањето на поголемо количество течност, а со тоа и разните отрови. Лимонската киселина помага и во создавањето ензими потребни за работата на црниот дроб.

Дава енергија

Комбинацијата на вода и лимон помага во освежувањето на крвта поради што ќе се чувствувате полетно и лесно за да ги извршите секојдневните обврски.

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg