Како мозокот да ви остане во добра кондиција?

За мозокот да ви остане постојано активен и да имате добро памтење мора да му задавате многу активности и вежби. На тој начин го одржувате во форма и постојана кондиција. Тој е најважниот функционален дел преку кој си го одржувате и животот.

17-nacini-za-mozokot-da-vi-ostane-vo-kondicija-01

Затоа, применете некој од овие 17 начини за да ја одржите неговата кондиција:

1. Шетајте, џогирајте или трчајте три часа неделно

Сè што ви е потребно е еден час аеробик, 3 дена неделно и ќе видите значаен напредок во тестовите за паметење и логично размислување.

2. Крстозборки

Решавајте крстозборки, судоку и останати слични игри за мозокот.

3. Учете

Пробајте секоја вечер да одвоите еден час читајќи некој интересен материјал и обидете се да запаметите колку можете повеќе детали. Одвојте неколку дена за по една област.

4. Тестирајте се

Направете список на производи кои треба да ги купите, одете во продавница и пробајте да се сетите без да го погледнете ливчето.

17-nacini-za-mozokot-da-vi-ostane-vo-kondicija-1.jpg

5. Асоцијации

Ако секое утро треба да се се напиете некое апче, а ви се случува да заборавите, поврзете го земањето лек со чешлањето на коса или со миењето лице. Па додека се чешлате или миете, повторувајте си дека треба да земете лек. По неколку дена несвесно и без заборавање ќе го пиете и апчето.

6. Шеќер

Проверете го нивото на шеќерот во крвта. Оние кои имаат покачен шеќер имаат поголеми шанси да заболат од деменција.

7. Јазик

Запишете се на некој курс по странски јазик, купете весник на тој јазик и така вежбајте го својот мозок.

8. Кафе

Наутро би требало барем да го почувствувате мирисот на кафе, кој спаѓа меѓу мирисите кои најмногу го стимулираат мозокот. Ако сакате да пиете кафе, испијте еден филџан пред да излезете од дома.

17-nacini-za-mozokot-da-vi-ostane-vo-kondicija-2.jpg

9. GPS

Исклучете го и вежбајте снаоѓање во просторот.

10. Исхрана

Морковот, целерот и зелената пиперка се врвен извор на лутеолин, хранлива материја која го намалува ризикот од добивање деменција. Покрај тоа се препорачува да јадете ореви, бадеми, боровница и риба.

11. Спиење

Спијте подолго. Дремката од еден час до час и половина е доволна за влезете во друга состојба на сонот која не е РЕМ фазата во која ви се брише краткотрајната меморија, оставајќи простор за нови информации.

12. Google

Пребарувањето на интернет е одлична вежба за мозокот, потврдуваат научници од универзитетот во Лос Анџелес.

17-nacini-za-mozokot-da-vi-ostane-vo-kondicija-3.jpg

13. Заеднички ручек

Кога јадете, во семејното опкружување или со пријателите, тоа многу позитивно влијае на вашиот мозок, затоа што е развиениот друштвен живот ја погодува вашата здрава психа.

14. Изгасете го телевизорот

Наместо омилените серии, подобро е да прочитате некоја добра книга или да се видите со некои пријатели. Интелектуалната стимулација и дружењето го намалуваат ризикот од Алцхајмерова болест.

15. Медитирајте

Од 15 до 30 минути медитирање дневно го намалува стресот и доволно е да се забави развојот на деменција кај личностите меѓу 55 и 90 години.

16. Стискајте ја дланката

Стискањето на дланката може да влијае на јакнењето на помнењето и го олеснува присетувањето. Учесниците во истражувањето кои ја стискале десната дланка пред да учат нешто и левата рака пред да се сетат на нешто имале подобри резултати за 15 отсто во однос на другите кои не го правеле тоа.

17. Црн сусам

Црниот сусам претставува гориво за мозокот. Учесниците во истражувањето кои користеле црн сусам имале подобри резултати на тестовите за паметење.

17-nacini-za-mozokot-da-vi-ostane-vo-kondicija-4.jpg

Како вие ја одржувате кондицијата на мозокот?

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Знаци за деменција за кои не се зборува често (а треба да ги знаете) Покрај проблемите со помнењето, знак за деменција можат да бидат и халуцинациите...
Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg