Како да престанете да се нервирате за ситници?

Нервирањето околу малите работи може да го загрози вашиот животен век. Испитувањата покажале дека луѓето кои се нервираат за ситници живеат пократко од оние кои не обрнуваат внимание на истото.

kako-da-prestanete-da-se-nervirate-za-sitnici-01

Постојат 3 работи кои треба да ги знаете за стресот и како да се ослободите од него.

Хроничниот стрес може да влијае на човековото здравје, а последиците од тоа се висок крвен притисок, слаб имунитет и несоница.

Дури и најмалите работи влијаат на нашето тело.

Стресот има големо влијание како на психата, така и на нашето тело. Нивото на кортизол во телото може да порасне од 10 до 15 проценти ако не мачат мали работи.

Малите работи го прават животот

Секогаш ќе постојат лоши денови како оние кога мислиме дека пријателите нè игнорираат, кога ги губиме клучевите од станот или кога доцниме на работа.

Нашата реакција на тие мали стресови може да ни го уништи денот. Кога работите тргнуваат наопаку често знаеме да бидеме лути, тажни, хистерични, па дури и да имаме чувство на вина. Мора да бидеме свесни кои емоции ги чувствуваме.

Само ако откриеме што всушност чувствуваме, тогаш може и да го промениме.

Истражувањата покажале дека може да се тренирате себе за да не обрнувате внимание на малите работи.

kako-da-prestanete-da-se-nervirate-za-sitnici-1.jpg

1. Подредете ги

Потребно е да бидете перспективни и реални. За да ја вежбате својата ментална издржливост, треба пред сè работите да ги гледате објективно.

2. Отфрлете ги

Ефикасен начин за да се ослободите од стресот е едноставно да го отфрлите. Потребно е само на парче хартија да ги напишете сите работи кои ве измачуваат, да го стуткаме и да го фрлиме ливчето во корпата за отпадоци. Тоа помага да го „исчистиме умот“.

 3. Дајте си рок

Ако мораме да мислите на сите тие мали, иритирачки работи, потребно е да си дадете 5 минути пред да полудите од бес. Ова помага да се опушти телото и умот, но и можност за да пронајдете решение.

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg