Најчести грешки кои ја продолжуваат настинката, наместо да ја излечат

Кога сте болни, би направиле се што можете за побрзо да оздравите. Но, доколку ги практикувате овие грешки, поголеми се шансите да ја продолжите настинката.

najcesti-greski-koi-ja-prodolzuvaat-nastinkata-namesto-da-ja-izlecat-01.jpg

Го затрупувате организмот со апчиња

Земавте пилула или таблета, но по 15-20 минути не се чувствувате подобро, па решивте да земете уште една.

Луѓето често не разбираат дека лекот треба да почне да делува. Повеќето производи делуваат по 30 минути, а некои и по подолг временски период. Проблемот е во тоа што болните луѓе се нестрпливи, па во нивниот ум повеќе лекови носат побрзо „оздравување.“

Но, големата доза лекови може само да ги влоши симптомите или да ви создаде нови проблеми.

Дувате низ носот колку почесто и посилно можете

Разбираме дека чувствувате моментално олеснување, но во исто време носните течности може да стигнат до синусите. Ако течноста содржи бактерии или вируси, големи се шансите да добиете инфекција.

Може да го исчистите носот од непријатниот секрет, но никако не ги притискајте ноздрите.

Консумирате кафе како секој ден

На овој начин не само што можете да ги продолжите симптомите, туку вашето тело ќе се чувствува поисцрпено до претходно. Кога сте настинати потребен ви е одмор и хидрирање на организмот, а кофеинот дефинитивно го има спротивното дејство - предизвикува дехидратација и несоница.

Ги пиете преостанатите антибиотици

Ако сте личност која решава се со антибиотици, најверојатно до сега неколку пати сте ги испиле капсулите кои ви останаа од последниот пат кога бевте настинати.

Нареден пат кога ќе паднете во искушение и ќе сакате побрзо да се излечите, подобро посетете лекар кој точно ќе ви одреди доза и должина на терапија. Во спротивно, бактериите ќе станат отпорни на антибиотиците кои не се соодветни.

Го игнорирате упатството за употреба за капките и спрејот за нос

Овие лекови позитивно влијаат на здравјето на носниот секрет, но доколку претерате и не го следите упатството, ќе предизвикате воспаление кое повторно ќе ве доведе до почетокот.

Би можело да ве интересира:

Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...
Има ли начин побрзо да оздравите од настинка (или мора да чекате скоро цела недела)? Антибиотиците нема да ви помогнат побрзо да оздравите од настинка бидејќи ова не...
Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg