Едноставна техника за освежување на мозокот

Како што водите хигиена за лицето, рацете, забите и другите делови од телото, така му е потребна хигиена и на мозокот.

ednostavna-tehnika-za-osvezuvanje-na-mozokot-01

Дали знаете дека канцеларискиот службеник просечно во еден час 37 пати го менува прозорецот на компјутерот? Некои и повеќе од сто пати.

На тоа додајте го стресот кој може да биде виновен кога заборавате да го зачувате напишаниот текст или кога некои важни документи сте ги оставиле дома. Така добивате лош работен ден кој може целосно да ви го уништи расположението.

Затоа, важно е да знаете како да ја одржувате хигиената на мозокот. Барем десет минути на ден не работете ништо. Исклучете ги виугите.

Во работно време затворете ги очите на 10 минути, ментално следете што се случува, следете си ги мислите. Но, не преземајте ништо. Без никакви емотивни реакции.

Пробајте да се фокусирате на една точка и да бидете совршено свесни за сегашниот момент. Што и да ви се случува во главата за тие 10 минути, вие само набљудувајте.

Ова мора да го вежбате, ден по ден за да се навикнете како вистински да си го прочистувате и одморате мозокот, дури и кога сте сред хаос.

На овој начин не само што ќе си го намалите стресот, туку и ќе си ги подобрите меморијата и ефикасноста на мозокот.

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg