Зајакнете го имунитетот во сезоната на настинки: Еликсир за здравје од 3 состојки

Во текот на цела зима сите сме подложни на разни настинки и вируси, но овој еликсир за здравје може експресно да ја спречи досадната кивавица и течењето на носот.

zajaknete-go-imunitetot-vo-sezonata-na-nastinki-eliksir-za-zdravje-od-3-sostojki-01.jpg

Овој природен мелем е одличен за цело семејство затоа што може да го консумираат од најмлади до најстари.

Потребни ви се:

  • 2 помали или 1 голем лимон
  • 200ml мед
  • 1 корен од ѓумбир
  • Стаклена тегла од 500ml

Подготовка:

Лимонот измијте го, а ѓумбирот излупете го и исечкајте ги на кришки. Ставете ги во блендер  и испасирајте, па додадете го медот. Мешајте во блендер додека смесата не се соедини.

Префрлете го густиот сируп во тегла и добро затворете. Чувајте во фрижидер.


Употреба:

Земајте по 1 супена лажица дневно, а за децата се препорачува 1 кафена лажичка.

Еликсирот за здравје секогаш може да го додадете во шолја топол чај.

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Трендови за здравје од 2025-та кои не се баш здрави, според експерти Опседнати сте со внесот на протеини, пиете многу суплементи, пробувате да му нап...
Седум мали навики што прават голема разлика за здравјето по 50-тите Штом ќе влезете во шестата деценија од животот, не треба да си дозволите да го м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg