5 Здрави причини да станувате рано секое утро

Штом ќе влезете во светот на возрасните и ќе го почувствувате динамичниот работен ритам, кој подразбира станување во 7 или 8 часот наутро, значи дека почнува време во кое ќе заборавите на долгото спиење и излежување.

5-zdravi-pricini-da-se-budite-rano-sekoe-utro-1

Иако оваа привилегија е можна за време на викендите, меѓутоа треба да знаете дека и станувањето рано си има свои предности.

Погледнете ги овие 5 здрави причини зошто е добро секое утро да се будите рано:

1. Појадок

Иако појадокот е најважниот оброк во денот, многумина го прескокнуваат. Редовниот здрав појадок ви дава повеќе витамини и минерали, кои ја подобруваат концентрацијата и способноста. Пробудете се барем 10 минути порано, подгответе си јајца или здрав сендвич, а доколку сте во гужва изедете една банана или испијте еден јогурт.


2. Вежбање

Вежбањето наутро не помага само за побрзо да се разбудите, туку и поубаво да заспиете навечер. Оние кои имаат ноќни тренинзи имаат поголем проблем со цврстиот сон, бидејќи форсираат подигнување на адреналинот во доба во кое телото природно се смирува.


3. Релаксација

Наутро издвојте барем 5 минути да прочитате некој весник или да ги погледнете утринските вести на телевизија, испијте еден џус и истуширајте се. Многу е поважно малку да се релаксирате наутро, отколку брзајќи да се подготвувате и денот да ви започне со нервоза.


4. Повеќе спиење

Оптималниот број на часови за спиење ја регулира вашата телесна тежина, влијае на подобро ментално здравје и ве прави покреативни. Тенка е линијата помеѓу оптималното и претераното спиење. Осум часови спиење се сметаат како идеални за добар сон, а психолозите велат дека на пример 10 часови ќе ве вратат во првобитната состојба, односно уште повеќе ќе сакате да спиете и да лежите. Затоа е добро да се будите рано, бидејќи инаку целиот ден ќе ви пропадне во непотребно спиење.


5. Повеќе продуктивност

Наутро вашиот мозок е најпродуктивен, затоа искористете го за да завршите со сите планирани задачи и обврски, а подоцна можете да уживате во остатокот од денот. Луѓето кои рано се будат имаат повеќе енергија и исполнети дневни активности. 

Би можело да ве интересира:

Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Промени на лицето кои се знак дека очајно ви треба повеќе сон Проблеми како егзема, појава на акни и, секако, темни кругови под очите – кои се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg