Природни начини за победување на пролетните алергии

Кивавици, чешање на очите, дразнење на грлото се само дел од работите кои се предизвикани од пролетните алергии и доаѓаат заедно со убавото време.

prirodni-nacini-za-pobeda-na-alergiite-1-

Не посегнувајте веднаш по таблети, туку лекувајте ги алергиите по природен пат и уживајте во прошетките на сонце:

1. Инхалација

prirodni-nacini-za-pobeda-na-alergiite-1

Неколку пати неделно правете си инхалација со тоа што во едно тенџерче ќе зовриете топла вода и ќе ставите малку морска сол. Ако најдете хималајска сол, тоа е уште подобро, бидејќи многу полесно ќе ги победите алергиите со оваа домашна терапија.


2. Чај

prirodni-nacini-za-pobeda-na-alergiite-2

Доколку кивате и имате болки во грлото поради алергиите, тогаш најдобро е да се лекувате со чај терапија. Пијте по неколку пати на ден чај од ѓумбир или нане, кои ќе ве опуштат и ќе ви овозможат нормално да дишете.


3. Капењето како домашна терапија

Не само што капењето ќе ве опушти, туку и тоа е одличен начин да го отстраните поленот од вашата кожа, кој само ви создава дополнителни тешкотии во текот на спиењето. Најдобро е при секое враќање од надвор да се туширате.


4. Мед

prirodni-nacini-za-pobeda-na-alergiite-3

Медот се покажал како добар начин за победа на алергиите, односно како еден вид на вакцина. Пронајдете мед од производител од вашата околина за вашето тело да се приспособи на алергенсите кои се наоѓаат насекаде околу вас.


5. Чистење на домот

prirodni-nacini-za-pobeda-na-alergiite-4

Во текот на сезоната на алергиите најдобро е секој ден или еднаш на два дена да ја менувате постелнината во креветот, со цел да си овозможите мирен сон. Редовно чистете го домот, особено прозорците и филтерот од правосмукалката. 

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg