Бојата влијае на успехот

bojata-vlijae-na-uspehot-povekjeБојата на облеката во која вежбате може значајно да влијае на успехот кој ќе го постигнете во физичките и менталните активности. Се препорачува...

 

...бојата на облеката да ја избирате во зависност од тоа дали се занимавате со активен или умерен вид на рекреација.

Така облеката во црвена боја е одлична за адреналинските зависници бидејќи го bojata-vlijae-na-uspehotзголемува нивото на енергетскиот потенцијал, го буди адреналинот и се препорачува кај боречките и екстремните спортови.

За концентрација пак е најдобро да одберете облека во сина боја.

Различните тонови на сината боја ќе Ви помогнат да воспоставите максимална концентрација, а се препорачуваат за оние кои трчаат, пливаат, возат велосипед или возат ролерки.

Зелената боја носи мир и спокој, па така облеката во оваа боја помага во опуштање на организмот и подобрување на расположението.

Па така кога вежбате јога, пилатес или фитнес најдобро би било да одберете облека во зелена боја.

За активностите кои вклучуваат ментално напрегање (како што се шахот и голфот) најдобар избор е облека во сива боја која ги буди сивите мозочни келии. Носењето сивата облека ги разбиструва мислите.

За креативност и спортски дух пак се препорачува жолтата боја бидејќи помага во постигнувањето успех и го буди оптимизмот кај спортистите. Тенисот е спортот во кој жолтата опрема најмногу доаѓа до израз.

Би можело да ве интересира:

Марија Костовска за депресијата: „Посетив 2 психолога, но ми помогна молитвата и постот од 7 дена бе... „Јас посетив два психолога. Видов дека еден не ми помага, па реков ќе видам уште...
Шест навики со кои несвесно си ја влошувате анксиозноста Постојано размислувате за најлошото можно сценарио и неопходно ви е туѓо признан...
Храна и пијалаци што ќе ви помогнат ако се прејадете за време на празниците (ја намалуваат подуеност... Краставиците содржат висок процент на вода и го хидрираат телото, па може да пом...
Дали треба да пиете суплементи со витамин Д во есен и зима? Во постудените месеци, кога денот е пократок, минуваме помалку време на отворено...
Знаци дека можеби имате анксиозно нарушување (дури и ако не ви изгледа така) Сте доживеале голема животна промена со која тешко се справувате или, пак, забел...
Што ќе се случи ако секој ден јадете (варени) јајца? Јајцата се богати со протеини и корисни хранливи материи и ако немате проблеми с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg