Ако си легнете гладни не значи дека ќе ослабете

Веќе е познато дека прво правило е да не консумирате ништо по 20 часот бидејќи тоа останува да се таложи и да ви ги зголемува масните наслаги, но новите истражувања покажуваат точно што и кога смеете.

ne-si-legnuvajte-gladni-za-da-oslabete-01

Но, новите истражувања покажуваат точно што и кога смеете да консумирате за да не останете гладни, но и да не се здебелите.

Додека вие спиете, организмот извршува неколку работи: ги обновува и размножува своите клетки, ја вари храната и прави низа други биолошки процеси кои се неопходни за живот.

Сите тие процеси во телото бараат енергија, која организмот ја зема од храната внесена во текот на денот и ноќта.

Ако пред да заспиете сте внеле храна богата со калории како чоколадо или сладолед, нивото на шеќерот во крвта многу брзо расте, а добиената енергија автоматски се складира во телото во облик на „масни перничиња“ – објаснува австралискиот гуру за здрав живот, Тим Робардс.

ne-si-legnuvajte-gladni-za-da-oslabete-1.jpg

Поради мирниот сон, подобро е неколку часа пред да си легнете да не јадете никаква храна за варењето да не ве држи будни.

Сепак, ако јадете во време пред да легнете на кратка починка, тогаш најдобро е да одберете храна со ниско ниво на шеќер и јаглехидрати.

За мирен сон, подобро е ако одберете протеини и масти од кои се состојат сите клетки во телото. – дозволено е органско угоено месо, јајца, авокадо или путер.

Јадете непреработена храна која полека согорува и отпушта хранливи материи. На тој начин нема да имате проблем ниту со сонот ниту со тежината. – предлага д-р Робардс.

 

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg