Секоја трета жена го има, а не знае: Полово нарушување кое не се пренесува со секс

Бактериската вагиноза е непријател на секоја трета жена, но многу жени не знаат што е и ја поврзуваат со други полови болести.

sekoja-treta-zena-ja-ima-a-ne-znae-polovo-narusuvanje-koe-ne-se-prenesuva-so-seks-01

Тоа означува нарушување во составот на вагиналната флора, а симптомите се непријатен мирис, пообилен исцедок, а понекогаш и чешање или пецкање при мокреењето.

Причините не се целосно откриени, но најчесто се јавува поради недоволна интимна нега, што може да ја наруши природната киселост на матката, предизвикувајќи раст на штетни микроорганизми.

Симптомите исто така може да бидат изразени и за време на менструалниот циклус, употребата на контрацепција, бременост или менопауза.

Се смета дека најчеста причина за бактериската вагиноза е Gardnerella vaginalis.

Таа бактерија живее во матката и во дебелото црево, но различното сексуално однесување може да доведе до развивање на бактериската вагиноза.

Зголемен ризик секако носи и стапувањето во сексуален однос со нов или со повеќе партнери, користење парфимирани сапуни, перењето на долна облека со јаки детергенти, орален секс...

Околу половина жени може да немаат никакви симптоми или да не бидат свесни, а сепак да ја имаат.

Постоењето на вагинозата може да го проверите со преглед преку брис кај вашиот матичен гинеколог.

Резултатите се достапни во рок од една недела, а бактериската вагиноза е потребно да се лечи за да не предизвика дополнителни компликации.

Ако ја имате, а не ја лечите за време на бременоста, може да предизвика спонтан абортус или предвремено породување.

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Знаци дека можеби имате анксиозно нарушување (дури и ако не ви изгледа така) Сте доживеале голема животна промена со која тешко се справувате или, пак, забел...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
Неочекувани предизвици што ги носи бременоста за кои ретко се зборува (а идните мајки треба да ги зн... „Откако ја родив ќерка ми развив алергија на чоколадо. Вистинска трагедија“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg