Комбинации од мед и цимет кои ќе ви помогнат при лекувањето на 6 болести

Научниците постојано ги потврдуваат придобивките од редовно консумирање на медот во комбинација со циметот кои се моќно оружје во борбата против многубројните непријатели на вашето здравје.

6-mokjni-kombinacii-od-med-i-cimet-koi-kje-vi-pomognat-vo-lecenjeto-na-mnogu-bolesti-01.jpg

Повеќе од 4000 години медот се употребува како традиционален лек за речиси секоја болест. Египјаните го употребувале за лечење на раните, Грците за подолг живот, а Индијците за воспоставување на баланс во организмот. Модерната медицина покажува дека овие верувања се вистинити.

Како што постоеле позитивни верувања за медот, така постоеле и за циметот уште од античките времиња. Циметот се сметал за дар соодветен за секој монарх и божество благодарение на доказите за неговата корисност при лечењето на многу болести.

Ова се неколку корисни рецепти добиени од комбинацијата на овие моќни природни состојки кои можете да ги употребите при лекувањето на некои болести вклучително и хроничните заболувања како што е артритисот.


1. Против срцеви заболувања

Наутро на лебот наместо да ставите мармалад или џем, ставете паста од мед и цимет во прав. Доколку ја консумирате оваа комбинација редовно ќе го намалите нивото на холестерол во крвта и ќе ја спречите можноста за добивање на срцев удар.


2. Против артритис

Во чаша врела вода промешајте две големи лажици мед и една лажица цимет во прав. Оваа течност пијте ја наутро и навечер. Со редовната употреба на овој пијалок ќе си помогнете во лечењето на хроничниот артритис.


3. Против инфекции на жолчното ќесе

Доколку имате некаква инфекција на жолчното ќесе може да ја употребите смесата која се применува за лечење на артритисот, но овој пат сменете ја количината на мед и цимет. Во една чаша врела вода ставете две лажички цимет и една голема лажица мед.

6-mokjni-kombinacii-od-med-i-cimet-koi-kje-vi-pomognat-vo-lecenjeto-na-mnogu-bolesti-1.jpg

4. За намалување на холестеролот

Во голема чаша чај по желба промешајте две големи лажици мед и три лажички цимет. Пиењето на оваа смеса ќе предизвика намалување на холестеролот за 10% во рокот од два часа.


5. Против настинка

Доколку имате проблеми со чести настинки практикувајте консумирање на смеса од една голема лажица мед и четвртина лажичка цимет. Оваа навика ќе ви помогне во лечењето на настинките, хроничната кашлица и затнатите синуси.


6. За силен имунитет

Пожелно е да добиете навика на секојдневно консумирање на овие намирници. Тие природно го штитат организмот од бактериите и вирусите.

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба) „Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“. ...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg